Уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива


Утрово на Хируршките клиники почна експлантација на органите, откако вчера семејство на пациентка со мозочна смрт даде согласност за донирање.

– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денеска донесе трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име, кажа министерот за здравство, д-р Беким Сали.

Сали, исто така, искажа благодарност до медицинските екипи кои во изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на примателите и во операциските сали.