Глигор Ташковиќ и Ристо Гуштеров на листата на заслужните


Меѓу нашинците кои ќе ја добијат привилегијата на брза лента да можат да влегуваат во земјава и бесплатно да посетуваат музеи има научници, лекари, бизнисмени, културни работници, политичари и инженери.

На листата се оперскиот пејач Благој Нацоски, кошаркарскиот тренер Заре Марковски,  д-р Иво Бошковски од клиниката во Рим, д-р Димитар Ефремов научник од областа на хематологијата и ендрокринологот Горан Петровски од Катар. На листата се и бизнисменот Ристо Гуштеров и поранешниот министри за странски инвестиции во една од владите на Никола Груевски, Глигор Ташковиќ.

Иницијативата за давање „МКарта“ на заслужни од дијаспората предизвика бура од реакции надвор и во земјава. Главната дилема беше дали со МКарта МНР наградува поединци кои се истакнале со личен труд во рамки на нивниот професионален ангажман во странство или придонеле за Македонија. 

Во меѓувреме Комисијата за спречување на дискриминација најави дека по празниците ќе ја разгледува одлуката на шефот на дипломатијата 69 македонски граѓани кои живеат и работат во странство да минуваат на брза лента на скопскиот аеродром.