Надминат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Кичево


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека во Кичево е надминат прагот на  алармирање за аерозагадувањето во два последователни дена.На 2 и 3 јануари, како што соопшти МЖСПП, во текот на двата дена во Кичево на овие места имало повеќе од 150 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички.

„Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до  општина Кичево за епизодата на алармантно загадување на воздухот“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Инаку, во моментов, според платформата „Ај-кју-ер“ во Скопје се измерени 63.8 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 140.4 микрограми на кубен метар.

Скопје вечерва е на 16. позиција според листата на загадени градови во светот со индекс на аерозагаденост 155.