НАкС: Законот за високо образование сè уште не ги испорачува потребните промени во образовниот систем


Голем број неажурирани подзаконски акти, недоволна имплементација, нефункционални работни тела, ова се само дел од истакнатите проблеми на денешната отворена дискусија на тема Законот за високо образование, искуства од примената и потреба од промени, во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) во Кинотека во Скопје. Неда Здравова која е редовна професорка на Правен факултет Јусинијан […]

Нуредини: Заштита на биолошката разновидност е можна само со добро воспоставена глобална рамка и механизми за соработка


Ја препознаваме регионалната соработка како важен елемент во ефективното спроведување на Глобалната рамка за биолошка разновидност по 2020 година и нејзиното следење и известување на регионално ниво. Особено сум горд сум што ја зголемивме покриеноста на заштитените подрачја за 5 отсто во изминатиот период, паралелно со преземањето значителни напори за подобрување на нивната ефикасност во […]

„ТАВ Македонија“: Дојавата за бомба е лажна, авиосообраќајот продолжува по регуларниот распоред


Дојавата за бомба на Меѓународниот аеродром Скопје е лажна, соопшти „ТАВ Македонија“ по извршените проверки од страна на полицијата. – Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за […]

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Таргет-Тврдина“, паднаа „во вода“ 65 години затвор


  Падна уште една пресуда поврзана со масовното прислушување во Македонија и тоа во најважниот предмет што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, случајот „Таргет-Тврдина“. Апелацискиот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, […]

Нема поставена бомба на аеродромот и во дел од училиштата во Скопје


  Завршени се проверките во Аеродромот во Скопје и дел од училиштата и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од полицијата. По завршувањето на проверките во другите објекти полицијата соодветно ќе извести. Инаку, утрово дојави за поставени бомби имаше во повеќе јавни и спортски објекти, хотели и училишта во Скопјеи во Битола. […]

Се утврдуваат причините за пропустите во учебникот по Историја и општество


Министерството за образование и наука и Педагошката служба почнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, не смееја да се дозволат. -Преку Националната комисија за учебници како највисоко […]

Се руши зградата на стариот велешки театар


Речиси целосно е разрушена старата театарска зграда лоцирана од левата страна на градот. Срушена е галеријата, влезот и салата за претстави, а остана да се сруши уште дел од административниот дел на зградата. Како што информираат од Општина Велес за МИА, земјиштето ќе се дава на наддавање и идниот инвеститор согласно урбанистички план може да […]

„ТАВ Македонија“: Сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје моментално е запрен, но летовите не се откажани


„ТАВ Македонија“ информира дека поради дојава за бомба утрово целиот персонал и сите патници и/или минувачи на Меѓународниот аеродром Скопје се безбедно евакуирани и сообраќајот е моментално запрен, но летовите не се откажани сé додека не добијат известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред. – Меѓународниот аеродром Скопје […]

Денеска на мета основните училишта во Гази Баба


Осум училишта во Општина Гази Баба, евакуирани се утринава по примена дојава за поставени бомби, се дознава од објавата на официјална страна на Фејсбук градоначалникот Бобан Стефковски.   – Утрово директорите на основните училишта ме информираа дека во училиштата „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ […]

Дојава за бомба на скопскиот аеродром – откажани сите летови


Сите летови се откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром. Во тек е итна евакуација на вработени и патници. – Дo сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел „Александар […]

Арсовска бара превозници за линиите „9“, „11“ и „12“


Додека приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ чекаат средба со премиерот Димитар Ковачевски, откако две недели протестираа барајќи ги парите што ЈСП им ги должи, денеска градоначалничката Данела Арсовска објави нов оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во Град Скопје. Овој пат огласот се однесува за […]

Уште една крупна грешка во учебниците – згрешено знамето на Португалија


  Новите учебници што ги испечати Министерството за образование и речиси пред полугодие ги подели на учениците, предизвикаа потсмев кај јавноста, поради бројните грешки во нив. Грешките воопшто не се наивни или лекторско-коректорски, туку фактички. Па откако „научивме“ дека Монт Еверест е висок 29 километри и дека Албанија на Македонија ѝ е источен, а Бугарија […]

Делови од Центар, Аеродром и Бутел денеска без струја


Без електрична енергија денеска од 12:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Водњанска“, од Средното медицинското училиште „Д-р Панче Караѓозов“ до главниот влез на Клинички центар. Во периодот од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски“ бр.8. Без струја денеска од […]

Сообраќајот по влажни коловози, времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес […]

Новогодишен и божиќен базар до 31 декември во Скопје


Новогодишен и божиќен базар од денеска до 31 декември годинава ќе се реализира под отворено небо на платото на амфитеатарот на трговскиот центар Ист Гејт Мол. Од Ист Гејт Мол најавуваат настап на жонглери, новогодишна претстава, диџеј, а на официјално отворање ќе настапи Елена Ристеска. Ќе има детска и музичка програма со концерти и настапи […]

Промоција на вториот извештај во сенка за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени


Вториот извештај во сенка за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени денеска ќе биде промовиран. Во извештајот се анализирани состојбата со усогласувањето и спроведувањето на законодавството за животна средина и клима во 2022 година во Република Северна Македонија. Како што е најавено, на промоцијата ќе се обратат заменик-министерката за животна средина и просторно […]

Сончево и релативно топло, до 19 степени


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 16 декември 2022 година, 350-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 15 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 8 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее […]

Така е кога слепо се препишува од Интернет, па Монт Еверест во учебниците е висок 29.035 метри (а тоа се стапки)


  Изгледа дека оние што ги пишуваат учебниците за основните одделенија многу лесно ја сфатиле својата задача, па брзајќи да ги исполнат задачите тие да стигнат до учениците прават патастрофални грешки кои се потсмев не само за стручните лица, туку за обичната јавност. Така во учебникот „Историја и општество за V одделение“ авторките Анита Ангеловска […]

Спасовски тврди дека ефикасноста на полицијата во откривање корупција е зголемена за 50 отсто


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостувајќи на ТВ Клан, истакна дека кога  е преземена власта во 2017 година не постоел никаков механизам за започнување на финансиски истраги и конфискација на имот на тоа што е стекнато на незаконит начин. „Во тој период сме имале само три случаи на конфискација на имот, зборувам од 1990 […]