Зеќири се разболел: Одложено рочиштето против поранешниот генерален секретар


Денешното рочиште во Кривичниот суд против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се одложи затоа што обвинетиот се разболел.

На судењето требаше да се сослуша сведокот Петко Димитриев од Бугарија, како и вештото лице Кире Костов, меѓутоа рочиштето мораше да се одложи и следното ќе се одржи на 7 февруари.

Судењето почна во декември минатата година, а Зеќири кажа дека не се чувствува виновен.

Обвинителството го гони Зеќири дека склучил два договори со кои го оштетил државниот буџет за 1,5 милиони евра.