Нефи Усеини поднесе оставка од советничкото место во Охрид


Советот на Општина Охрид на денешната дваесет и втора седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини.

Претседателот на Советот Сашо Донев посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини.

– Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев, јавувва Охрид њус.

Советот чека официјален допис од Општинската изборна комисија кој ќе дојде на местото на Усеини.

Инаку, Усеини е бизнисмен и претседател и на разгранокот на ДУИ во Охрид, кој доби осудителна пресуда за претепување на својот колега од претходниот состав, Џемал Мена. Нему му се судеше и беше ослободен од вина во случајот за претепувањето на сограѓанинот Спиро Топаловски, а откако охриѓанецот го промени исказот и рече дека, всушност, не бил тепан.

Усеини е познат и по дивоградбата среде Охрид, која петта година никој не ја урива.

ДУИ на локалните избори 2021 во Охрид освои две советнички места. Како советници во овој состав беа избрани Нефи Усеини кој ја предводеше советничката листа и Бесник Османи.