Заврши акцијата за чистење на централното градско подрачје


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска ја завршија акцијата за чистење на поширокото централно градско подрачје. Во рамките на акцијата, како што соопштија од претпријатието, беше спроведено рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите „Гоце Делчев“, „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“, „Никола Карев“ и „Александар Македонски“. Од претпријатието соопштија дека […]

Тренчевска: Преку постојан раст на пензиите и воведување на социјални услуги го унапредуваме квалитетот на живот на граѓаните


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата Трето доба на Македонската телевизија зборуваше за политиките и мерките кои Владата и Министерството за труд и социјална политика ги креираат и реализираат за подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани, вклучително и повозрасните граѓани. „Градењето на системски решенија кои на долг […]

Две жени и една девојка каснати од бездомни кучиња


Во текот на вчерашниот ден биле нападнати две жени и една девојка од улични кучиња во Скопје. Во Полициската станица Бит Пазар вчера во 15:30 часот И.И.(23) од Скопје пријавила дека на ул. „Лазар Трповски“ била касната од куче скитник. Потоа во Полициската станица Ѓорче Петров во 17:50 часот Б.М.(59) од Скопје пријавила дека на ул. […]

Исчистена мини депонија во Козле


Општина Карпош соопшти дека во координација со Секторот Инспекторат од Општина Карпош, вчера лицата задолжени за одржување на јавната хигиена во локалната самоуправа спроведоа акција за расчистување на теренот во населбата Козле. Притоа, хигиеничарите од Карпош со помош на соодветна механизација ја исчистија помалата депонија која ја затекнаа на улица „Ловќенска“. – Службите од Карпош […]

Боки 13 најавува дека ќе предаде 1.150.000 фајлови со податоци на ОЈО ГОКК


По добиените информации од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека шефот на обвителството, јавниот обвинител Ислам Абази, постапувајќи по барањето на Бојан Јовановски со прекар Боки 13 веќе оформил предмет и го распределил кај надлежен јавен обвинител на постапување, Ве информираме дека со ова започнува кривично-правна операција со кодно име […]

Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка за развој на спортот


Општина Аеродром објави јавен повик за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и здружение кои дејствуваат на територијата на општина Аеродром. Финансиската поддршка се доделува со цел подобрување на условите за професионален и рекреативен спорт во општината. Поддршката е предвидена во неколку различни категории и тоа за: – Спортски клубови и спортски здруженија – Реализација […]

Габер-Дамјановска за кандидатите за судии и обвинители: Најважно е како ќе ја вршат својата професија – не презимето


Според Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, меѓу кои и судија, обвинител… и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. И со оглед на тоа дека на јавен конкурс отворен за тестирање на кандидати за слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), не смее […]

Сојузот на извидници на Македонија одбележува 70-годишен јубилеј


 Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) денеска во Прилеп, на Могилата на непобедените, ќе одржи централна манифестација по повод 70 години од постоењето на организацијата. Како што информираат од Сојузот на извидници, на централната прослава во Прилеп, на едно место извидниците од цела држава ќе се соберат да го слават извидништвото и неговиот основач, како […]

Променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер


Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната […]

Руската полиција апси противници на инвазијата врз Украина


Руската полиција ширум земјата денеска апсеше осамени демонстранти кои, на годишнината од руската инвазија врз соседна Украина, со антивоени слогани и метафорични гестикулации го изразуваа  своето противење на војната, известуваат руските медиуми и организациите за заштита човекови права. Во четвртиот по големи руски град Екатеринбург беа  уапсени најмалку осум лица, откако положиле цвеќе на споменикот на жртвите […]

Бислимоски: Од скопски „Водовод“ лажат дека не побарале водата да поскапи, еве ги документите


„Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лаже дека не побарало поскапување на цената на водата“, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако од јавното претпријатие испратија соопштение кое го нарекоа „демант“, во кое се тврди дека информацијата оти водата во Скопје ќе поскапи ја нарекува „лажна вест“. Бислимоски во изјава за „СДК.мк“ вели дека на […]

Арсовска нема повеќе да може да ги издава спортските сали во училиштата под закуп


Директорите на училиштата, а не градоначалникот на Град Скопје, отсега ќе можат да ги издаваат спортските салите и други простории или имот на средните училишта под закуп. Со усвојувањето на одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, на последната седница на Советот на Град Скопје, […]

Попладнево уште едно скопско училиште добило лажна дојава за бомба


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавата која попладнево беше добиена од едно скопско училиште дека била добиена порака на електронска адреса со закана за наводно поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници […]

ЈП Водовод и канализација : Цената за вода во Скопје нема да се зголеми


ЈП Водовод и канализација Скопје најостро ја осудува и во целост ја демантира лажната вест објавена во неколку медиуми за зголемување на цената на водата во Скопје. Имено во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма […]

Кривични пријави: Ниту надзор, ниту поправки – објект во Гостивар запишан во катастар, становите продадени


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.И.(60) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „перење пари и други приноси“, Ѓ.В.(42) од Скопје, М.М.(42) и В.Р.(40), двајцата од Гостивар за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“, против две правни лица Гостивар, […]

Украинците благодарни на Македонија: Овде престојуваат 400 бегалци


Здружението на Украинци во земјава „Лесја Украинка“ денеска одржа митинг на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина. Претседателот на Здружението, Александар Урбанович, пред почетокот на митингот се заблагодари за хуманитарната помош и за поддршката од Северна Македонија кон украинскиот народ. – Денеска ние, Украинците, одбележуваме […]

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница


Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени […]

„Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари


Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво.  Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на […]

Почувствуван земјотрес во Струга


Земјотрес е почувствуван во Струга и околината попладне во 12 часот и 19 минути. Според Европскиот медитерански сеизомолошки центар, епицентарот бил на 11 километри северозападно од Охрид на длабочина од два километра со магнитуда од 2,3 степени. Земјотресот бил почувствуван и во Албанија.

Лажни се пријавите за бомби во 19 училишта, завршија сите потребни проверки


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 18 училишта во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, […]