Од март скопјани ќе пијат поскапа вода


Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари. Ваква одлука донела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на барањето на ЈП Водовод и канализација да се зголемат цените на услугите. Одлуката треба да биде потврдена на денешната седница на Регулаторна и да започне со важење […]

Абази нема да ги слуша „бомбите“ на Боки 13, назначил друг обвинител


Шефот на Обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази, нема лично од Бојан Јовановски-Боки 13 да ги слушне „бомбите“ кои ги има во рака, туку назначил друг обвинител кој ќе го сослуша. Ова информација следува откако пред неколку дена, Боки 13 му испрати писмо на обвинителот Абази со кое бараше прием за да му достави „бомби“ […]

За викендот засилен ветер, повремени врнежи, опаѓање на температурата


За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, ќе дува засилен ветер од јужен правец, на повеќе места над 60 километри на час, и ќе се задржи релативно топло време, информират од Управата за хидрометеоролошки работи. Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови […]

Променетите адреси на училиштата се на еден сервер во МОН, како некој стигнува до нив


Без разлика што сите училишта ги смениле меил адресите, по подолготрајните закани односно дојави за поставени експлозивни направи во објектите, тие и понатаму добиваат вакви дојави. „МВР по секоја лажна пријава за бомба, постапува согласно законот и постапките за антитероризам. Се води секогаш истрага за пријавата на лажни бомби. Таа истрага покажува првични интересни податоци […]

Едно училиште во Прилеп и 16 во Скопје добиле дојава за бомба


Утрово, едно училиште во прилеп и 16 во Скопје, добиле дојави за бомби, по што полицијата излезе на терен, ги евакуираше присутните и ги прегледува објектите. – Денеска до 9.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по […]

Проф. д-р Гривчева-Старделова: Подигнување на свеста за потхранетоста предизвикана од болести


Претседателката на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова беше панел учесник во панел-дискусија на тема „Исхраната и нејзиното влијание врз оралното и целокупното здравје“ организирана од сопругата на Претседателот на РСМ, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска и проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“, информираат од Лекарската комора. Во […]

Се евакуираат училишта во Скопје, ќе продолжат ли учениците со онлјан настава?


Утрово во 9.30 часот, повторно, на адресите на неколку училишта во Скопје стигнала дојава за бомба.  Известена е полиција, која излегува на терен и ги проверува просториите, откако учениците и персоналот се евакуирани.  Вчера МОН препорача, учениците, по евакуацијата да продолжат со училишниот ден со онлајн настава. Но, како што сведочат учениците, во повеќето училишта […]

Зоолошката во Скопје, утре, организира хуманитарен настан за Турција и за Сирија


Во сабота 25.02.2023 година од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”. Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја […]

Изградбата на спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци е во завршна фаза


Градежните работи за изградба на Спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци влегуваат во завршна фаза. Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Стајковци каде што изврши увид на градежните работи за изградба на спортскиот центар „Иван Илиев“. Во рамки на спортскиот комплекс се гради нов спортски терен за кошарка, додека комплетно се изврши […]

Митинг на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ на плоштадот во Скопје


Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска организира митинг со почеток во 12 часот на плоштадот „Македонија“, а по повод годишнина од почетокот на руска сеопфатна инвазија врз Украина. Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, ќе се упатат во Жена парк, каде ќе положат цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко. 

Променливо облачно со слаб ветер од јужен правец


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на слаб локален дожд претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од јужен правец. Минималната […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 24 февруари 2023 година, 55-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 310 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минути, а ќе зајде во 17 часот и 17 минути. Денов трае 10 часа и 59 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 8 часот и […]

Ковачевски гневен од она што беше кажано во интервјуто на Латас


  Разговорот на новинарот Драган Павловиќ – Латас со јутјуберот Стефан Лазаров денеска се најде и на собраниската говорница за време на пратеничките прашања. За тоа му беше поставено прашање на премиерот Димитар Ковачевски. Тој силно го осуди, рече дека е многу гневен, но сепак бираше зборови да не го попречи правото на слобода на […]

МАЕ: Енергетската војна на Европа со Русија сѐ уште не е завршена


Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупреди дека Европа сè уште не ја добила својата енергетска војна со Русија и покрај големиот пад на цените на природниот гас, апелирајќи до владите да останат фокусирани на складирањето и зголемувањето на снабдувањето, пишува „Financial Times“. Според Фатих Бирол, додека Европската унија во голема мера избегнала енергетска криза […]

МВР: Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи, завршија сите потребни проверки


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 49 училишта и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. […]

Продолжува негативниот тренд на опаѓање на водостојот на Охридското Езеро


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,17 метри надморска височина, што e за 24 сантиметри пониско од просекот за февруари или седум сантиметри над дозволениот минимум зацртан на котата 693,10 метри надморска височина. Долготрајниот сушен период без врнежи дополнително ја усложнува ситуацијата со намалувањето на издашноста на изворите и […]

Почнуваат карневалските свечености во Прилеп, в недела е главното дефиле со 500 учесници


 Околу 500 учесници од земјава со 20 групни маски и поединци ќе дефилираат в недела во центарот на Прилеп на 21-от по ред карневалот „Прочка 2023“. Главното карневалско дефиле ќе го предводат традиционалните маски „Прилепските мечкари“, како заштитниот знак на Прилеп. Карневалските свечености по 21-пат ќе започнат утре напладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ […]

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн, препорачуваат од МОН


Дојавите за поставени бомби во училиштата, кои се праќаат на нивните електронски адреси од октомври минатата година, влеваат паника кај учениците, го нарушуваат менталното здравје и влијаат негативно на нивната социјализација, сметаат учесниците на трибина во рамки на научно-истражувачки проект на Универзиотетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Трибината денеска се одржа во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје […]

Македонија ќе се справи со корупцијата или ќе дојде до точка – од која нема враќање


Со што може да се соочи Македонија до 2030 година од аспект на корупцијата, беше темата за која Институтот за демократија денес организираше дебата која се претвори во јавен крик, бидејќи работите не се менуваат а прогнозата беше дека ако не и се застане наскоро на пат, следното ниво е нејзино озаконување, т.е. носење коруптивни […]

Латас и Лазаров остануваат без пасош, забранети им се и јавни настапи


Кривичниот суд оформи предмет за спорното интервју на новинарот Драган Павловиќ-Латас со јутуберот Стефан Лазаров. По предлогот на Обвинителството за определување мерки за претпазливост против двете лица, судот со решение го уважи предлогот и на обвинетиот Латас му се определува превентивна мерка, и тоа привремено одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и […]