Со пари од ЕУ ќе се поттикнуваат туристичките екобизниси во Струга


Ќе се поддржуваат туристичките екобизниси во Струга и Поградец. Целта е подобрување на туристичката инфтраструктура преку вложување во зелени бизниси за заштита на животната средина. Поголема промоција на природното и културното наследство, историските знаеменитости, како и привлекување на што повеќе туристи, пренесува Охриднет. Субвенции за поставување соларни панели и подобра енегретска ефикасност ќе добијат 40 […]

Продолжение на комисиската расправа за предлогот јавниот обвинител Јовески да биде уставен судија


Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да ја продолжи дебатата за утврдување на Предлогот за избор на судии во Уставниот суд. Членовите на Комисијата треба да  продолжат со расправата за предлогот јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.  На крајот на октомври минатата […]

Најстудено на Попова Шапка -4 степени


Утрово најниска температура од -4 степени е измерена на Попова Шапка, следат Берово и Лазарополе со – 1 степен.  Во Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови и во Крушево температурата на 0 степени, 1 во Крива Паланка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола и во  Прилеп, 3 Струмица, 4 Штип, Куманово и Претор, 5 Демир Капија, Виница и […]

Концептот на „заедничка историја“ лесно се манипулира: Интервју со историчарот Улф Брунбауер


  Улф Брунбауер не сака да го користи зборот „заедничка“ кога зборува за историјата. Затоа што секој поединец, секоја група, секое место ја доживува историјата на различен начин. Професорот кој предава историја на Лајбниц институтот за Источни и Југоисточни европски студии во Регенсбург, Германија, во интервју за „Независен“ вели дека концептот на „заедничка историја“ може […]

Без струја дел од Карпош и Чучер Сандево


Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 14.00 часот, објектот на железничката станица во Ѓорче Петров, а можен е и краток прекин во истиот временски интервал кај корисниците во селата Злокуќани и Бардовци. (општина Карпош) – во периодот од 09.30 до 13.00 […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.   ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Пратеничките ќе бараат со закон да се казнува говорот на омраза


Закон со којшто ќе се казнува говорот на омраза ќе бараат пратеничките во Собранието откако во јавноста се почесто се искажуваат навреди, дисквалификации, дискриминација и омаловажувања не само кон нив, туку воопшто кон жените. Ова ќе биде еден од заклучоците што треба да бидат усвоени на седницата на 8 Март во Собранието на која ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 7 март 2023 година,  66-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 399 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 17 часот и 30 минути. Денов трае 11 часа и 30 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе […]

Реакција од Министерство за транспорт на објави за мериторно решавање предмет за одобрение за градење во Охрид


Во однос на информациите објавени во одредени медиуми за мериторно решавање предмет за огласување на ништовно на Одобрение за градење на инвеститор во општина Охрид, Ве информираме дека Секторот за управно надзрорни работи во Министерството за транспорт и врски постапил согласно пресудата на Управниот суд број У-3.бр.341/2020 од 08.03.2022 година, со кое Управниот суд го […]

Променливо облачно, во јужните делови слаби локални врнежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб […]

Почина Љупчо Јакимоски поранешен директор на МИА и МРТ


  Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ. Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје – група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен […]

Аеродром ќе добие фотоволтаична постројка за полнење електрични тротинети


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски објави на Фејсбук дека минатата недела потпишале договор со претставниците од Центар за климатски промени/Center for Climate Change , во рамките на проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ кој се имплементира во Општина Аеродром. Како дел од соработката и работата на заедничкиот проект, во наредниот период Аеродром ќе биде првата […]

Синдикатот на Клинички центар повикан на средба со министерот Фатмир Меџити


Синдикатот на Клинички центар, како што изјави потпретседателот Предраг Серафимовски, утре попладне е повикан на средба со новиот министер за здравство Фатмир Меџити.  – Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање за да се потпише во најбрз можен рок договорот што го имавме со претходниот министер и со Фондот. Тие средства веќе се обезбедени, анексите […]

Протестен марш на 8 март за правата на жените


Платформата за родова еднаквост на 8 март од 18 часот седми пат ќе организира марш во Скопје за да потсети на проблемите кои секојдневно ги имаат жените во земјава. Организаторите велат дека маршот ќе биде израз на „протест на колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед – од растечките стапки на насилство, фемицидите, […]

Преку проекти вредни над 80 милиони денари се подобрува животот на жителите во Куманово


Интензивно се работи на седум проекти во Куманово со буџети над 80 милиони денари наменети за подобар живот на кумановчани, беше заклучокот на министерот за локална самоуправа од денешната средба со градоначалникот Максим Димитриевски.  Министерот за локална самоуправа и градоначалникот денеска ги потпишаа договорите за проектите преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и […]

Жените во униформи да не бидат дискриминирани или омаловажувани


Родовата еднаквост е од суштинско значење за искористување на потенцијалот на целото општество, а не само на 50 отсто од него. Остварувањето на правата на жените се инструмент за економски раст и благосостојба, додека врската помеѓу зајакнувањето на жените и мирот и безбедноста се сржта на безбедноста агенда. Заедно да ги рушиме стереотипите кои се […]

Училиштето не смее да биде место што предизвикува паника – бомбите стивнаа


Училиштето никогаш не смее да биде место што предизвикува страв и несигурност кај децата. Тоа треба да биде место коешто на децата им обезбедува безбедна средина за учење за да можат непречено да учат и да се образуваат е ставот на УНИЦЕФ по повеќемесочните дојави за поставени експлозивни направи во училишните објекти, што „Независен“ го […]

Семејството на умреното деветмесечно бебе живеело во добри услови


 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска истакна дека по извршениот увид од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри и дека тие не се корисници на социјална помош или детска заштита. Таа информира дека Народниот […]

Приватните превозници ветуваат еколошки автобуси, од 210 сега, 25 се на метан


Сите возачи од приватниот градски превоз во Скопје ќе се пријават на јавниот оглас распишан од Градот денеска, а се надеваат дека до почетокот на следниот месец, приватните автобуси ќе се вратат на скопски улици. Најавува обновување на возниот парк, но и нов, подобрен возен ред. – Сите ние ќе се вратиме на работа. Сите […]

Јанчева: СДСМ поднесува Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата


Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставивме Барање за дополнување на дневниот ред за 26-тата седница на Советот.   Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.   Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои […]