Одложена расправата за законот за работните односи


Фото: Б. Грданоски

Одложена е расправата на Собраниската комисијата за труд и социјална политика, на која требаше да бидат разгледани измените на законот за работните односи.

Со законските измени, група пратеници од власта, предлага прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.

Измените се носат за да може „Бехтел и Енка“ побрзо да ги градат автопатите, но остана нејасно дали во договорот владата има преземена обврска да се исплатат 53 милиони евра доколку законот не се промени во рок од 45 дена од потпишувањето..

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема намера да ги блокира измените, туку да ги подобри, па предложи три амандмани, додека Левица поднесе над 1.100 амандмани..