Брзанов: Со децентрализација и регионализација пациентите ќе добијат подобра здравствена заштита


Сметаме дека со децентрализација и со регионализација, со формирање на регионални клинички здравствени центри, пациентите ќе добијат подобра здравствена заштита. Ова го истакна денеска доктор Никола Брзанов, основач на Клубот на млади лекари, на промоцијата на извештајот за лекувањето на граѓаните во приватните и јавните здравствени установи. Наташа Петковска, правна советничка во Хелсиншки комитет за […]

Земјотрес кај Штип


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 65 километри југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, како што соопштија, земјотресот се случи […]

Анима Мунди до Рамиз Мерко: Македонија не е племенски сојуз туку држава


Организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“ реагира на повикот на струшниот градоначалник Рамиз Мерко да се убиваат бездомните кучиња место да се трошат пари на нив, порачувајќи дека е срамота прв човек на туристичка општина да заговара ваква практика и повикувајќи го обвинителството да постапи по неговите тврдења – дека видел сограѓанин со полн […]

Јовески силен на зборови, обвинителствата слаби на дела


  Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески на Денот на правосудството – 31 Март им се обрати на јавните обвинители и побара поддршка за удвојување на напорите за враќање на јавната доверба во институцијата. – Многу добро ја знам вашата посветеност и одговорност, секојдневната ревносност и вербата во правда со која ја извршувате функцијата. Време […]

Герасимовски подготвува иницијатива за конфискација на дивоградбите


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24 рече дека на негово барање, општината подготвила иницијатива за конфискација на дивоградбите затоа што во моментов нема законска можност тоа да се направи. Герасимовски напомена дека во општината има неколку бесправни објекти чие уривање бара преголеми средства кои општината ги нема. […]

Поради дефект без вода објектите на булеварот „Јане Сандански“


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 10 часот, без вода ќе бидат корисниците од булевар „Јане Сандански“ 7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф50мм на Бул. „Јане Сандански“ 7. Корисниците без вода ќе бидат од 10 часот до завршување на дефектот. 

Мерко: Ако може да колеме јагниња и телиња, само кучињата ли ќе ги чуваме?


Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вчера на седницата на Советот за развој на Југозападниот плански регион зборуваше за тековните проекти кои се реализираат, но и за проблемот со кучињата скитници. Оваа точка го поттикна градоначалникот на Струга да го каже својот став за уличните кучиња кои ги има во сè поголем број низ улиците. -Ако […]

Националниот парк Шар Планина доби план за управување


   Националниот парк Шар Планина состави План за управување со заштитеното планинско подрачје во периодот од 2022 до 2031 година, кој оваа недела беше одобрен од Управниот одбор по добиена согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој план дефинира повеќе аспекти кои, според вработените, ќе придонесат за развој на националниот парк за кои […]

Жичницата од утре ќе работи еден час повеќе


Од утре, сабота (1.04.2023 год), жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен […]

Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2023/24 година


Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година.  Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20  и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни […]

Ќе се поставува фотоволтаична централа на градинката „Пепелашка


Општина Центар ја добива првата фотоволтаична централа наменета за ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ објект Пепелашка. Станува збор за донација од компанијата ОКТА АД – Скопје која советниците ја прифатија на вчерашната 22 Седница на Совет.  Компанијата ОКТА АД – Скопје по претходно добиени информации за потрошувачката на енергија во оваа градинка донира фотоволтаична централа со […]

Без вода дел од корисниците во Карпош, Кисела Вода и Бутел


Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците во општините Бутел, Кисела Вода и Карпош. Поради уличен дефект во село Љубанци во периодот од 9 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од селото Љубанци.  Како што е најавено, поради поврзување од стара […]

Најмалку 35 мртви и 16 повредени при уривање на древен скалест бунар во Индија


Најмалку 35 лица загинаа, а 16 се повредени кога се урна древен бунар во хиндуистички храм во централна Индија, изјави денеска претставник на локалната власт. Инцидентот се случил додека верниците вчера се собирале во храмот во Индоре за да го прослават хиндуистичкиот фестивал „Рам Навами“ , соопштија официјални лица. -Спасивме 18 лица, но 35 се […]

Советот во Прилеп со одлука побара издавање обврзници од 5 милиони евра, опозицијата остро се противи


Прилепскиот совет ја донесе одлуката да се издаде општинска обврзница со што Прилеп се задолжува за 5 милиона евра. Мнозинството советници на вчерашната целодневна седница ја донесе одлуката да почне постапката за издавање општинска обврзница. Како што објаснува претседателот на Советот Дејан Проданоски, почнува постапката низ сите институции да се проследи информацијата за солвентноста на […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради најавен протест, со почеток во 10 часот денеска ќе има посебен сообраќаен режим, при што по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосницата на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“.   Како што информираат од МВР, со почеток во 16 часот, пак, поради марш, Одделението за безбедност на патниот […]

Презентација на извештај за лекувањето на граѓаните во приватните и јавните здравствени установи


Во рамки на проектот „Прекршување на човековите права во областа на здравствената заштита“, денеска ќе биде презентиран документот „Извештај за лекувањето на граѓаните во приватните и јавните здравствени установи по повикот за правна помош од страна на граѓанските организации заеднички и систематизиран пристап“, подготвен од Истражувачката репортерска лабораторија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение […]

Конференција „Да се задржи отпорноста и не пристрасноста: Поглед низ призмата на Здружението на судиите“


По повод Денот на правосудството денеска Здружението на судиите на со поддршка на Мисијата на ОБСЕ организира регионална конференција на тема „Да се задржи отпорноста и не пристрасноста: Поглед низ призмата на Здружението на судиите“. Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиjан Вал, претседателката на Врховниот […]

Одбележување на денот на Првата пешадиска бригада


Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска со воена свеченост ќе се одбележи денот на Првата пешадиска бригада (1.пбр). Денот на единицата, како што е најавено, ќе се одбележи со прогласување на најдобрата единица од составот на бригадата, доделување стимулативни мерки и награди, свечено дефиле на единиците и тактичко технички збор на вооружувањето и опремата […]

Сончево и топло, од понеделник дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб […]