Дожд и денеска


Фото: Б. Грданоски

 

Откако речиси цела ноќ врнеше и денеска преку ден се очекува повремено дожд. Времето денеска ќе биде облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 18 степени.

Од понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст, соопшти УХМР.