МНР интервенирало за средношколците заглавени на „Хоргош“ да поминат граница


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските […]

Бајрамовска-Мустафа: Јанкулоска два пати се пожалила кај народниот правобранител


Поранешната министерка за внатрешни работи и осуденичка, Гордана Јанкулоска, поднела две претставки кај народниот правобранител за непочитување на нејзините човекови права во затворот „Идризово“ каде отслужува затворска казна. Првата претставка е за неможност за користење на погодности, изјави во интервју за РСЕ, советничката на омбудсманот Васка Бајрамовска – Мустафа. Како што е познато Јанкуловска и […]

Средношколци од „Орце Николов“ заглавени на граничниот премин „Хоргош“


Двестотини средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ останале заглавени десетина часа на унгарскиот граничен премин „Хоргош“ додека патувале на екскурзија, а биле пропуштени дури денеска во 10 часот изутрина. Како што објави СДК, родители се пожалиле дека децата биле оставени без храна и со ограничена количина вода на пат кон Братислава и Прага со 4 автобуси, […]

Архитекти од Италија заинтересирани за изработка на ДУП за Расадник


Триесет и пет студенти од Италија заедно со свои професори од Факултетот за архитектура „Политехнико” од Торино, придружувани од заменик-амбасадорот на Италија во земјава Марио Де Роса, ја посетија Општина Кисела Вода. Заинтересирани за Меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник, дојдоа лично да ја разгледаат оваа градска четврт и да се информираат за некои […]

Општина Центар ја одби Арсовска споменикот на Ќосето да се врати пред судовите


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од Општина Центар побарала дозвола за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Општината веднаш го одбила ваквиот предлог на Арсовска, појаснувајќи дека такво барање може да упати до Собранието. Таа поднела барање до Општина Центар да добие согласност за започнување на постапката за враќање на споменикот […]

СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани победи на државниот натпревар по роботика и ќе учествува на Светското првенство во Мароко


Тимот ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани победи на државниот натпревар по роботика од First Lego лигата, што се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе биде македонски претставник на Светското првенство во роботика што од 18 – 21 мај ќе се одржи во Мароко. Тимот „The Makbot Pioneers“ беше севкупен победник […]

Хигиеничарите од Општина Центар се префрлаат во ПОЦ, претпријатието ќе врши и комунални услуги


На последната седница на Советот на Општина Центар советниците изгласаа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги. Префрлувањето на вработените и механизацијата ќе се случи утре, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на […]

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот


Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод 2 април – „Светскиот ден на аутизмот“ започнува онлајн кампања под наслов „Градење на инклузивно општество за аутистичните луѓе“, а ја спроведува заедно со членовите на Аутизам Европа. Кампањата за 2023 година, како што соопшти Здружението, е можност да се размислува за напредокот постигнат досега за заедницата […]

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен […]

Како одат обидите за бугарска асимилација на Македонците во Албанија?


  Тоа се случува повеќе години. Главно ветување е бугарски пасоши. Вака го почнува објаснувањето на бугарските емисари сред македонците во Албанија претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тиранa Никола Ѓурѓај. Во разговор за „Локално“ дека „во Албанија нема Бугари, тоа е историски факт“ и посочува како течат обидите за асимилација на македонското малцинство. „Јадрото […]

Ване Цветанов побегнал во Бугарија, се чувствувал како Бугарин


  Поранешниот функционер Ване Цветанов и сопруг на поранешната мис на Македонија, Дунавка Трифуновска, избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“, пренесува 4NEWS.mk Ване Цветанов, како претседател на Советот за […]

Ќе биде затворен патот од Велес до Градско


  Делницата Велес – Градско, делот од селото Виничани до Винарија „Стоби“ на регионалниот пат и денеска, поради асфалтирање, е затворена за сообраќај од 08. до 16 часот, информира АМСМ. Според АМСМ ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните […]

Инспекторатот за животна средина забележал траги од нафта при вонреден надзор во фирма во Вевчани


 Траги од нафта кај местото викано Ведрани во Вевчани биле забележани при вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина во фабриката за медицински канабис „Флауер Пауер“. Надзорот, како што информира Државниот инспекторат за животна средина, бил извршен во присуство на вработени лица од општина Вевчани, а по претходно добиена претставка за еколошка катастрофа за […]

Гори трска во близина на индустриската зона во Струга


Гори трска во Струга, во близина на индустриската зона, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Фети Мазари. Пожарот, како што информира, бил пријавен после 17 часот, по што на терен излегол тим со едно против пожарно возило. – Зафатена е мала површина трска, пожарот е ставен под контрола. На терен е екипа […]

Македонската армија набавува модерни оклопни возила и транспортери, а се ослободува од застарените од 1984 година


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на брифинг со уредници и новинари информираше за процесот на модернизација и опремување на Армијата со кој во континуитет се менува ликот на Армијата и се зголемува нејзината борбена готовност. Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од најголем обем во изминатите децении, министерката порача дека станува збор за сеопфатни […]

Засадени 10 дрвца за месецот на франкофонијата


Министерот за надворешни работи, Буар Османи, по повод одбележувањето на месецот на франкофонијата, заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски засадија 10 садници во Паркот на франкофонијата во Скопје. „Ми претставува особено задоволство што денеска имам чест да го отворам овој настан токму од овде од Паркот на Франкофонијата […]

Владата ќе ја почитува одлуката на Уставниот суд, но не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите за 78 отсто


Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти како што шпекулира дел од јавноста, се наведува во одговорот […]

Не тргна возот за Битола – протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт


Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот почна бојкот, а во 14.30 часот, како што најавуваат, нема да тргне ниту возот за Битола.  Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број […]

Османи: Политичарите треба последни да добијат зголемување на платата


Секој политичар кој ќе каже дека не му е важна платата, тоа не е добра порака бидејќи има друг извор. Јас немам друг извор за живеење освен оваа плата, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање околу одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од Законот за плати и надоместоци […]

Мејер: Исфрустрирани сме од недостигот на прогрес во судството


   Себе-еваулација, обединување и спротивставување на влијанијата се дел од работите кои што треба да се применат за да се задржи отпорноста и непристрасноста на правосудството, беше  главната порака на денешната конференција во организација на Здружението на судии по повод одбележувањето на 31 март – Ден на правосудството. Килиjан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во […]