Грковска: Нема причина да не се објави договорот за коридорите, освен ако тоа не е предвидено со клаузула


Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, вели дека не гледа причини Договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д со „Бехтел и Енка“ да не биде објавен, освен, доколку тоа не е предвидено со клаузула во самиот договор. -Јас не гледам причина зошто договорот да не биде објавен. Станува збор за стратешки договор од […]

Лисичани не сакаат бетонизација, Општина Аеродром им предложила спорен ДУП


До утре трае јавната анкета за Деталниот урбанистички план за градскиот кварт ЈИ09 блок 09.01, кој од 30 март е изложен во просториите на ООУ „Димитар Македонски“, каде граѓаните може да поднесуваат забелешки и предлози за тоа што сакаат да има на тој простор. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават […]

Почнува изградбата на паркот „Радост“ во Аеродром


  На крстосницата на булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“, денеска почнува изградба на парк, а тоа место (до ПСС) претходната локална власт го планираше за изградба на општинска зграда. Откако Тимчо Муцунски стана градоначалник, беа избришани маркиците за изградба на две згради на тој простор и се одлучи да се изгради парк. За оптинска зграда […]

Нова сензорна соба според потребите на граѓаните на Прилеп


Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост „Ѕуница“ од Прилеп од денеска има сензорна соба за своите штитеници. Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која ја отвори сензорната соба, ова е чекор поблиску до поквалитетен живот на лицата со попреченост. -Сензорни соби се отвораат на целата територија на државата, придобивките […]

За велигденските празници дожд, грмежи и ветер


Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела и […]

Сопственикот на кучето што уби дете има одгледувачница на расни и наградувани кучиња


Сопственикот на кучето од расата мастиф што го уби детето во Пинтија е професионален одгледувач на кучиња од оваа раса, а како што самиот се преставува, и консултант за индустријата со канабис. Неговите кучиња учествувале на изложби и добивале награди и сертификати, а тој е член  на кинолошките друштва кај нас и надвор од Македонија. […]

„И јас и ти – сите сме пешаци“ – не гледајте во телефони, поминувајте на пешачки!


Овој период од годината се карактеризира со зголемување на температурите и одбележување на Велигденските празници што значи дека е зголемено движењето на пешаците, а зголемен е и бројот на возила кои се упатуваат на викенд дестинации или на подалечни патувања. Токму затоа, во месец април, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка […]

Директорот на АМС Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против ДКСК


Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Во тужбата, како што кажа претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на денешната седница, Комисијата се товари дека јавно објавувала информации за директорот на АМС. -Станува збор за предмет кој во континуитет се работи две […]

Герасимовски на терен во борба против дивоградбите


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало. Теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.    „Веќе некој период спроведуваме зачестеини инспекторски контроли на градилишта со цел […]

Два земјотреса почувствувани во Штип и околината


Два земјотреси со Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1 и интензитети III-IV и II-III степени според Европската макросеизмичка скала се регистрирани рано утринава, во 03:24 часот и 04:11 часот, на 70 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресите беа почувствувани од […]

Изложба за нацистичкиот геноцид врз Синтите и Ромите


Во Музејот на Македонија деенска ќе биде отворена изложбата „Расна дијагноза: Циган – нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање“. -Фокусот на изложбата е геноцидот извршен од нацистите врз Синтите и Ромите за време на Втората светска војна, соопшти РРОМА, организатор на изложбата. Поставувањето на изложбата е во соработка со Централниот совет на германските Синти […]

Отворање советувалиште за жртви на семејно насилство


Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска ќе отвори советувалиште за жртви на семејно насилство. На настанот ќе биде потпишан и меморандум со Министерството за внатрешни работи за соработка кон изнаоѓање решение за проблемот со семејното насилство врз жените, како и овозможување безбедна околина и ресоцијализација на жените и децата.  НСРР повеќе години работи на […]

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје


Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе се одржи официјален настан за промоција на спортски саем, под мотото „Спорт за сите”.   Настанот, како што информираат од владината прес-служба, е инициран од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во рамки на проектот […]

Регионален настан за проектот за инклузивно основно образование


Во Струмица денеска ќе се одржи регионален настан за промоција на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиран од Европската Унија, со цел да се обезбеди рамноправен пристап на децата со попреченост до квалитетна настава и пристапна и стимулативна средина за учење, преку месечни стипендии и образовна поддршка за учениците со попреченост, […]

Промовирање магистерски студии за младинска работа на Филозофскиот факултет


 На Филозофскиот факултет при УКИМ денеска ќе бидат промовирани магистерски студии Младинска работа кои се воведуваат првпат на Балканот од наредната академска 2023/2024 година. Студиите ќе се реализираат на Институтот за социјална работа и социјална политика. Во првата година ќе имаат можност да се запишат 25 студенти. Како што информира Филозофскиот факултет, новите магистерски студии ќе […]

Променливо облачно со сончеви периоди


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште


ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија. Со уште една инвестиција во основното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска се затвори инвестицискиот циклус и се обезбедија содржини кои овозможуваат целосно инклузивна настава за учениците со попреченост. Компанијата „Кроација Осигурување“ во соработка со Општина Аеродром донираше средства со кои целосно се опреми сензорната […]

Паркот „Македонија“ доби нови реквизити


Денеска во паркот „Македонија“, на булевар „Теодосиј Гологанов“, поставени се три нови парковски реквизити за седење. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Зухејр Реџепи, заедно со претставници од претпријатието направи увид на местото и ја поздрави работата на теренските екипи. -Со новите реквизити за дружење и одмор паркот „Македонија“ е уште поубав и претставува вистински […]

Елизабета Ивановска, именувана за в.д. директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола


Елизабета Ивановска, специјалист интернист, досегашна раководителка на Интерно одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола е именувана за вршител на должноста директорка на оваа здравствена установа. Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини, поради смртта на новороденче и шестгодишно девојче во болницата. Д-р Ивановска функцијата ја презема во еден тежок момент за […]

Без струја утре и задутре делови од неколку скопски општини


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека утре од 9 до 10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Миле Оровчанец“ во општина Карпош. Од 9 до 14 часот струја ќе нема дел од село Кучевиште во општина Чучер Сандево, од 9 […]