Сојузот на средношколци бара пратениците да им овозможат бесплатен јавен превоз за сите ученици


По еден месец откако до Собранието достави предлог за изменување и дополнување на Законот за средното образование, со цел да се овозможи бесплатниот јавен превоз да важи и за учениците во приватните средни училишта, Сојузот на средношколци денеска ги повика сите пратеници да го стават на дневен ред и да го изгласаат. – Денеска изминува […]

(Галерија) Розовата магија на јапонските цреши


Скопје во јуни со години е познато по мирисот на липите, но април, дефинитивно им припаѓа на јапонските цреши. Овие благородни дрвца кои пленат со своите розови цветови ширум светот, кај нас за прв пат беа засадени пред повеќе од дваесет години на улицата Максим Горки, во центарот на градот, но сега можат да се […]

МОН смирува: Ќе има историја, географија и граѓанско образование за шесто одделение


Министерството за образование и наука (МОН) денеска информира дека ќе има историја, географија и граѓанско за шесто одделение. Ова следува како реакција откако во наставната програма за шесто одделение за следната учебна година која е објавена на интернет страницата на Бирото за развој на образованието ги немаше предметите географија, историја и етика на религиите. -Информираме […]

Пречистителната станица ќе се гради, Арсовска го потпишала договорот


  По неколкумесечни перипетии, караници, разрешувања, именувања, обвинувања за „рачиња во медот“, европски грантови, скопската градоначалничка Данела Арсовска го потпишала договорот за изградба на пречистителна станица во Скопје, дознава „Фокус“. Освен доцнењето и силните зборови за „шпицниот градоначалник“ еден од клучните резултати на оваа караница е раскинувањето на сојузот меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, која ја […]

Општина Арачиново како Елдорадо, не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите


Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на работата на Општина Арачинов за 2021 година и во извештајот изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи  и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Ревизијата утврди дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на […]

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници


   Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие. – Согласно програмата за […]

ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред


Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во сабота (15.04.2023 год), недела […]

Потопло време дури од мај


  За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Невообичаеното поладно време за овој период од годината на почетокот на овој месец беше проследено и со врнежи од снег во некои соседни држави.   Со цел да добиеме одговори зошто годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, МИА разговараше со […]

Отворање на изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите


Во „Ист Гејт“ денеска ќе се одржи отворање на изложбата „Кои сме ние“, што ќе биде отворена за јавноста до 7 мај. На оваа изложба, прва од овој карактер, ќе биде презентирана кратка историја на Ромите, нивниот број низ државите во светот, најважни датуми за Ромите, кои се одбележуваат секоја година, како и кои светски […]

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини


Командата за обука и доктрини денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата. На воената свеченост, како што најавува Генералштабот на Армијата, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, команданти на единиците, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, […]

Сончево со умерена локална облачност и јужен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура […]

Анима мунди: Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива – поддржуваме забрана за чување опасни кучиња


„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема“, соопштија од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, откако бул мастиф до смрт искаса 8-годишно дете во скопска Пинтија. „Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но […]

Мирен протест на битолчани пред ЈЗУ Кличка болница „Д-р Трифун Пановски“


Во знак на сочувство за починато новороденче и шест годишното девојче Јана, битолчани попладнево одржаа мирен протест пред ЈЗУ Клинична болница „Др Трифун Пановски“-Битола. Со едноминутно молчење и звук на сирена, учесниците на протестот порачаа дека недозволливо е во напредна медицина да се случуваат трагедии. -Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската […]

Ова се потребните документи за упис на прваче


Извод од матичната книга на родените, медицинска потврда од стоматолог, потврда за направен офталмолошки преглед, како и потврда за примени вакцини. Ова се документите кои треба родителите на првачиња да ги обезбедат, за да можат да ги запишат своите деца во прво одделение. Рокот за пријави почнува на 1 мај, а завршува на 31 мај. […]

Законот за лица неевидентирани во Mатична книга на родени наскоро во Собрание


Министерството за правда, пратеници од Собранието, Дирекцијата за управување со матични книги, невладини и меѓународни организации, (ОБСЕ и УНХЦР), претставници на Советот на Европа и претставници на други институции, денеска ја завршија дводневната работилница на која составија предлог за измена и конечно дополнување на законот за лицата кои не се евидентирани во матичната книга на […]

Инспекторатот прекршочно ќе го гони гинекологот кој ја отпуштил дома битолската родилка


  БИТОЛА – За констатирани недостатоци во третманот на 24-годишната родилка од Битола чие новороденче почина во неделата во Битолската болница,  Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прекршочно ќе го гони битолскиот гинеколог М.В.. Иницијалите кажуваат дека најверојатно се работи за младиот лекар Михајло Вангелов, кој воедно е и политичар, советник во Советот на Општина […]

Утре ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 13.04.2023 година ќе започне првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци. Аионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.04.2023 (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот […]

Обвинителството на терен во Пинтија, испитуваат како се случила трагедијата


  Јавното обвинителство соопшти дека извршило увид на местото каде осумгодишно дете беше нападнато и почина, по напад од куче на сосед во скопската населба Пинтија. Од Обвинителството потврдија дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај. – Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција и се преземаат дејствија […]

АХВ: Кучињата што убија дете во Пинтија се во карантин


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изразува длабоко жалење за трагичниот настан во кој вчера, по напад од куче, почина осумгодишно дете од скопската населба Пинтија. АХВ е во комуникација со  надлежните од Министерството за внатрешни работи (МВР), а надлежен официјален ветеринар го испитува случајот и ќе врши проценка на околностите под кои се случил […]

ЈСП има нов директор – Крсте Петревски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска реши повторно да го смени директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Од ЈСП Скопје заминува досегашниот в.д. директор Александар Стојковски, а на негово место треба да седне првиот човек на ЈП „Градски паркинг“, Крсте Петревски. Петревски ќе биде трет директор на ЈСП во мандатот на градоначалничката Арсовска, која […]