Додека се чекаат пари за поголема заштита и реставрираните делови на Тетовското Кале повторно се оштетуваат


На Тетовското Кале изградено во Османлискиот период единствениот реставриран објект на крајот на март е оштетен поради природна непогода, односно летнаа ќерамидите, а се изгледа дека така и ќе остане во иднина, со оглед дека државните установи за заштита на историски споменици велат дека немаат доволно средства за обнова. Оштетениот објект, тогашна трпезарија за османлиската […]

Анестезиолог од тетовската болница во живо на Тик-Ток прикажувал пациентки од гинекологија


Лице кое било вработено во тетовската болница како анестезиолог во живо на социјалната мрежа Тик-Ток пренесувал видео од одделот за гинекологија на кое може да се забележат и пациентки, јави ТВ21. Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде […]

Променливо облачно со сончеви периоди


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната […]

Германската ВТЕ заедно со „Жикол“ ќе ја градат пречистителната во Скопје?


ВТЕ од Есен е германската компанија која го добила тендерот за изградба на пречистителната станица за Скопје во вредност од 200 милиони евра, дознава Телма. Јавноста дозна дека е потпишан договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за проектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од […]

Во државата секој може да биде директор, 40 проценти се „вршители на должност“


Со 40 проценти од институциите, наместо директори, раководат вршители на должност (в.д. директори), стои во Извештајот од следењето на управувачките структури во институциите од јавниот сектор, подготвен од Центарот за управување со промени (ЦУП), кој беше презентиран денеска. Во него се вели дека при именувањето на в.д. директорите, кандидатите не е нужно да ги исполнуваат ниту […]

Ибраими: Арачиновци не се виновни за неплаќањето данок


Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими денеска на прес-конференција информира дека извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) се однесува на 2021 година, кога општината ја предводела тогашната градооначалничка Милекие Халими. -Мора да се потенцира дека извештајот од ДЗР е за претходниот градоначалник и претходните управители кој што биле должни да управуваат со нашата општина. Сè […]

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб


Државна и црковна делегација од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, утре ќе […]

Ќе се затвораат улици околу црквите за Велигден


Утре и задутре, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, утре […]

Каде исчезнаа заљубените од ротондата на љубовта на плоштад?


На плоштадот „Македонија“, пред десетина години беше изградена ротонда – летниковец, а централно место зазема скулптурата на двајца заљубени. Но, деновиве скулптурата ја нема. Дали е отстранета поради обновување на урбаните елементи што евидентно е почнато по плоштадот и по улица „Македонија“, од Град Скопје не одговараат. Во МВР пак не е пријавена кражба. Ротондата […]

На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека и до 30 минути


На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, а интензитетот […]

Метеж на границата со Грција – сите на продолжен празничен викенд


Граничниот премин „Богородица“ изутринава е преплавен со автомобили кои чекаат за излез од Македонија кон Грција. Продолжениот викенд поради велигденските празници, голем дел граѓани ќе го поминат надвор границите на државата. Времето на чекање за да се помине граница е и по повеќе од еден час, јавува „Макфакс“. Граничарите ги пропуштаат граѓаните во пет колони. […]

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено


 Возилата од јавниот превоз денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во пресрет на христијанскиот празник Велигден, в сабота, недела и понеделник автобусите на сите […]

Во февруари издадени 352 одобренија за градба


Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40.8 % повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија изнесува 9 897 768 илјади денари, што е за 258.1 % повеќе во однос на февруари минатата […]

Зголемен интензитетот на сообраќај, нема подолги чекања на граничните премини


Патниот правец од с. Виничани до Градско во деновите од продолжениот празничен викенд (14, 15, 16, и 17 април) нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40километри на час, соопшти АМСМ.  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Бесплатно паркирање на дел од паркинзите во Скопје за Велигденските празници


 Јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“, „Дом на печат“, „ЗОИЛ“, Тутунски комбинат и „8 Септември“ денеска ќе бидат слободни за паркирање. Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информираат дека паркиралиштата „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 […]

Променливо облачно со повремен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 […]

За велигденските празници шалтерите на „Водовод“ ќе работат в петок


Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во пресрет на велигденските празници, ќе работат само в петок од 7:30 до 15:30 часот, додека пак в сабота и понеделник, нема да работат. Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Ве […]

Почнува трката за нов ректор на УКИМ, рокот за кандидатури е 2 мај


Најстариот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од септември треба да добие нов ректор за мандатниот период септември 2023 – септември 2026 година. Во јавниот оглас кој е објавен на веб-страницата на УКИМ, пишува дека условите за избор на ректор се: кандидатот да биде државјанин на С. Македонија, како и да е еден од редовните […]

Агенцијата за електронски комуникации под хакерски напад


Електронските системи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се под сајбер-напад, дознава Мета.мк. Нападот над АЕК, за Мета.мк го потврдија и од МВР. „Минатата недела Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се содветни мерки“, велат од МВР. Директорот на АЕК, Јетон Акику во телефонски разговор […]

Врховниот суд бара од апелациските судови да бидат поефикасни со предметите од висок јавен интерес


  Прашањата за постапувањето по предметите од висок профил и од висок јавен интерес беа тема на разгледување и на дискусија на денешниот работен состанок во Врховниот суд меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и претседателите на четирите апелациoни судови во државата. Адеми, како што информираат од Врховниот суд, ја истакна важноста на прашањето […]