Лога го потпиша Упатството за изводите на родени, венчани и умрени да има графа за етничка припадност


Фото: Б. Грданоски

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството   за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година, соопштија од Министерството за правда.

Погледнете како изгледаат новите обрасци:

Етничката припадност на граѓаните ќе биде впишана во секој новоиздаден извод од матичните книги на родените, венчаните и на умрените, со цел да се спречи злоупотреба при вработувањата во јавната администрација, најави деновиве министерот за правда Кренар Лога.

– За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката при вработувањето можат да поднесат претставка, но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи – најави Лога.