Македонија европски вицешампион според пропорционалноста на изборниот модел


Во земјава неколку години наназад се покренува прашањето за измена на Изборниот законик, пред се во делот на промена на бројот на изборни единици, односно сведување на територијата на земјава од шест на една изборна единица. Главни „заговорници“ на ваквата идеја се помалите политички партии, кои сметаат дека на тој начин ќе им се зголемат […]

Обезбедувањето на „трикафта“ ќе спаси животи, но и ќе ги намали трошоците за боледувања и хоспитализации


Обезбедувањето на лекот „трикафта“ ќе спаси животи, но и ќе се намалат трошоците за боледувања, хоспитализации, медицински персонал, антибиотици и други лекарства, истакнува во интервју за МИА претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза Фики Гаспар. Во интервјуто што подолу е објавено со видео материјал, Гаспар посочува дека моментално лекот го примаат 12 пациенти. – Сега […]

Домашните некастрирани кучиња напаѓаат многу повеќе отколку бездомните


Според неодамнешните статистики за каснување од кучиња, во 2022 година имало речиси 100 милиони каснувања од кучиња ширум светот, а приближно 10 милиони се случиле во САД. Од сите возрасни групи, помалите деца имале поголема веројатност да бидат каснати од кучето на соседот или пак од семејното куче отколку возрасните луѓе. Ова се вели во анализа на адвокатската […]

Соларната енергија не се користи за уличните светилки, иако општините плаќаат огромни сметки за јавно осветлување


Македонските општини многу малку ја користат соларната енергија како извор за јавно осветлување. Енергетската криза и зголемените цени на електричната енергија ги вивнаа во облаци сметките за струја на локалните самоуправи за уличните светилки. Јавното осветлување од неопходност се претвори во луксуз, а општините ги истенчија и онака ситните буџети. Сепак, и во вакви услови, […]

Облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од три до 10 степени, а максималните од 9 до 16 степени.  Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и со слаб […]

Астрономски календар


Денеска е  понеделник, 17 април 2023 година, 107-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 258 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 51 минута, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 25 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 4 […]

Сообраќајка кај Стамер, возилата пренасочени по стариот пат Делчево – Тработовиште


Поради сообраќајна несреќа во атарот на село Стамер, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово во моментот е пренасочен преку стариот пат Тработивиште – Делчево, информираа од кол центарот на СВР Штип, а информацијата ја потврдија од делчевската полиција.   Според информациите на Итната медицинска помош која интервенирала на терен во несреќата учествувале […]

Облачно со дожд на Велигден


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Наутро ќе има дожд во западните делови, а попладне и во вечерните часови локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во […]

Православните верници го слават Велигден


Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент […]

Ковачевски: Ова е посебен Велигден и значаен момент во македонската црковно-национална меморија


Непосредното пренесување на Благодатниот оган во земјава е уште еден значаен момент во македонската национална и црковна меморија, што го прави посебно овогодишното чествување на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, порача премиерот Димитар Ковачевски, кој на скопскиот аеродром ја пречека македонската државна и црковна делегација која директно од Ерусалим го донесе Благодатниот оган. […]

Благодатниот оган директно од Ерусалим пристигна во Скопје


На Меѓународниот аеродром Скопје вечерва беше пречекана државната и црковната делегација која за првпат директно од Ерусалим го донесе Благодатниот оган. На церемонијата во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим присуствуваа голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно беше и македонската државна и црковна делегација во чиј состав беа […]

Во прекин патниот правец Берово-Струмица на потегот од Владимирската до Русинската крстосница


 Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека патниот правец Берово-Струмица на потегот од Владимирската до Русинската крстосница е во прекин за сите видови на возила. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Суспендиран од работа анестезиологот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „тик-ток“


Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме се за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога […]

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот


По повод големиот христијански празник на Христовото воскресение „Велигден“ Јавното претпријатие „Билјанини извори“ донесе одлука на 16 април бесплатно да биде паркирањето возила на јавниот градски простор во Охрид. Од Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ пак известуваат дека за 18 април – Светскиот ден на културното наследство, бесплатни да се посетите на кутурно-историските […]

Во Штип „Велигденски хепенинг“


 Општина Штип и ЈП „Исар“ по вторпат за најмалите организираат „Велигденски хепенинг“. Во ЗОО паркот имаше  манифестација со многу музика и игра, како и настап на дечињата од детските градинки во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов порача дека со оваа манифестација сакаат да ги спојат сите граѓаните, од најмлади до возрасните. -Организираме „Велигденски […]

На преминот Богородица за излез од државава активни сите сообраќајни ленти


Заради зголемената фреквенција на патници и возила за Велигденските празници на граничниот премин Богородица за излез од државата во функција се ставени сите човечки и технички капацитети и работат петте сообраќајни ленти за автомобили и по една за автобуси и камиони, информираа од МВР за МИА. -Заради извршување на редовните гранични проверки времето за чекање […]

Нема да биде затворен патот од село Виничани до Градско за претстојните празници


Патниот правец од село Виничани до Градско за претстојните празници (14, 15, 16 и 17 Април 2023) нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40 км/ч. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Лекарска комора го осуди инцидентот во болницата во Тетово, итно ќе се испита случајот


 Лекарската комора најостро го осудува инцидентот кој се случи во болницата во Тетово во кој видео снимка од пациенти се објави на социјалните медиуми. -Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот […]

Крушево полно со гости за Велигденските празници


 Крушево е веќе резервирано за Велигденските празници. Исполнети се околу 90 насто од капацитетите со гости и посетители. Градот располага со околу 1000 легла, од кои 400 во хотелското и 600 во приватното сместување. Според Томе Христоски, градоначалник на Крушево, градот е привлечен поради мирот, спокојството што ги нуди и богатата историја. – Исполнети се […]

Црковно-државна делегација присуствуваше на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим


 Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим.   -Во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот на Воскресението беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа испеани и трите статии со кои го опеваме […]