Синлаб со највисоки плати од лобораториите, колку плаќаат останатите?

Најголемите по приход медицински лаборатории минатата година ги намалиле профитите, но ги зголемиле платите – покажува анализата на податоците на Пари во соработка со платформата БизнисМрежа.мк
Анализата на платите ги опфаќа петте најприходни лаборатории: Авицена, Биотек, Синлаб, Никоб лаб и Рамус.
Втора по најголема просечна нето-плата е Авицена. Таму просекот е 37.193 денари, што е нагорно поместување од речиси 600 денари во однос на претходната година, при значајно стопување на добивката, од 2,8 милиони евра во 2021 година на 600.000 евра во 2022 година. И покрај тоа, оваа лабораторија е на прво место по профитабилност.
Најголем скок на плата за една година има во Рамус. Таму просечната нето-плата се зголемила за 11.103 денари – од 18.758 денари во 2021 година на 29.861 денари во 2022 година. Но, Рамус минатата година била во минус од 250.000 евра, а овој минус не го покрива ни добивката од претходната, сѐ уште пандемиска година, кога биле во плус од 58.600 евра.
Биотек имала раст на просекот од неполни 800 денари, и лани просечната нето-плата во лабораторијата била 29.263 денари. Со 339.000 евра добивка, лани Биотек беше втора најпрофитна лабораторија.
Иако Никоб лаб е втора лабораторија по скок на плати минатата година – од 14.927 денари во 2021 година на 24.232 денари во 2022 година – просекот во оваа лабораторија е најнизок. Никоб лаб лани имала добивка од 208.000 евра, додека претходната година прокнижила плус од 1,4 милиони евра. Но, да потсетиме, како што веќе пишуваше Пари во анализата за добивките и приходите на лабораториите, Никоб лаб и Рамус се презадолжени (https://pari.com.mk/pari-
Просечни плати во медицинските лаборатории (денари)
Медицински сестри и лаборанти остануваат многу барани занимања. Но, пoдатоците откриваат дека само Синлаб и Авицена дале просечни плати над републичкиот просек. Минатата година, пак, просечната нето-плата во државата, според Државниот завод за статистика, била 31.859 денари.
Просечни нето-плати во однос на републичкиот просек (денари)
КОИ ЛАБОРАТОРИИ ВРАБОТУВАЛЕ НАЈМНОГУ?
Во петте лаборатории минатата година имало 381 вработен, што е незначително намалување во однос на пандемиската 2021 година, кога работеле 385 луѓе. Сепак, раст на вработени има во Авицена (само еден повеќе), Синлаб со 4 нови вработувања, и Рамус со значително зајакнување на кадарот – од 28 вработени во 2021 година на 42 вработени во 2022 година. Биотек има мало намалување на кадарот, а во Никоб лаб позначајно.
Најмногу вработени има Авицена – 112, и добрата вест е што токму таа е една од двете компании во кои има просечна плата над републичкиот просек.
Број на вработени во лабораториите
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/