ВМРО-Народна ќе гласа против законите за „Бехтел и Енка“, но останува во владината коалиција


ВМРО-Народна ќе гласа против за петте предлог-закони со ознака на европско знаме што се поврзани со изградбата на дел од Коридорите 8 и 10Д, а кои веќе поминаа на Комисијата за европски прашања. Пратеникот на партијата, Љупчо Балкоски го најави ова денес и соопшти дека
доставил предлог до Владата да донесе одлука за изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 8 од Куманово до граничниот премин „Деве Баир“ и за изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 10 – од Велес преку Прилеп и Битола до граничниот премин. „Меџитлија“.

-За овие предлог-закони ќе гласам против. Што се однесува до проблемите во коалицијата, имавме средба и се дискутираше за уставните измени. Сега во периодов најзначајна работа ни се уставните измени и предложените амандмани од работната група. Остануваме во коалиција, но секогаш нашите ставови ги потенцираме и искажуваме и тоа е демократијата во општеството и коалицијата, кога не се согласуваме со некои работи, кажа пратеникот на брифинг со новинарите.