Се планира законско решение за порталите и сите електронски комуникации


Имаме работна група каде што се анализираат сите процеси врз основа на активностите што ги имаат граѓаните, но и учениците во нашата држава. Многу кратко ќе излеземе со анализи и со решенија врз основа на тоа. Исто така, сакам да информирам дека ние како држава, планираме да креираме и законско решение, каде ќе ги ставиме […]

(Во живо) Шаќири ќе ги соопшти препораките за справување со врсничко насилство


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе одржи прес-конференција во врска со усвоените Препораки за подигнување на безбедноста во училиштата и за справување со врсничко насилство.  

АХВ тврди дека на македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија


Агенцијата за храна и веринарство денеска ги демантира и ги оценува како груби лаги вчерашните објави на социјалните мрежи за наводен нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати од соседна Албанија. – Груба невистина анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност […]

Спасовски: Од денеска Уверение за државјанство и во електронска форма


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на настан во просториите на „Една Точка за Услуги” – проект на Министерството за информатичко општество и администрација, каде што се соединуваат сите државни институции со цел поедноставување на пристапот на граѓаните до институциите и услугите кои ги нудат. На настанот свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи […]

Уште девет месеци за промена на личните документи – колку ќе нѐ чинат?


Следната 2024 година е рокот во којшто треба да бидат заменети личните документи, бидејќи дадовме рок при примената на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за јазиците, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Во однос на цените, ние објаснивме дека за 90 проценти се зголемени цените на репроматеријалите и затоа направивме […]

Коњановски бара итна вонредна седница на Советот, еден месец од политичкиот циркус во Битола


  БИТОЛА – Речиси еден месец трае политичката криза во битолскиот Совет, и како што стојат работите нема изгледи да се надмине. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска 26 дена од последната седница на Совет кога претседателката Габриела Илиевска ја прекина, а ВМРО ДПМНЕ обезбеди мнозинство и ја продолжи седницата, преку Фејсбук порака ја повика […]

Статуафест годинава под мотото „Голема брзина на стоењето“


На 19 и 20 мај со почеток во 18.30 часот, на ул. Македонија, во Скопје ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“, под мотото „Голема брзина на стоењето“. Секоја година, па така и оваа се водиме и инспирираме од најразлични настани од секојдневието и ја избираме темата  на фестивалот. […]

Лога ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети


Министерот за правда Кренар Лога во рамките на дводневната работна посета на Хаг ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година. Конвенцијата беше потпишана во присуство на генералниот секретар на Хашката конференција за меѓународно приватно право, Кристоф Бернанскони и амбасадорката  на Република […]

Ивановска: Ако сакаме да имаме чиста иднина тогаш треба да се потрудиме и дечињата да бидат „невалкани“


Ако сакаме да имаме чиста иднина тогаш треба да се потрудиме и дечињата да бидат „невалкани“. Ова го изјави денеска Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, на почетокот на кампањата „Бидете херои на чесноста“, која има за цел да ја подигне свеста кај учениците за штетните ефекти од корупцијата, поточно да […]

Пенов: Природните катастрофи не зависат од нас, но можеме да влијаеме на минимизирање на последиците


Природните катастрофи најчесто не зависат од нас, ретко кога можеме, особено ние помалите држави, да влијаеме на нивниот тек. Но, сите заедно имаме одговорност да градиме систем на мерки кој нашите држави и локални заедници ќе ги направи поотпорни во однос на последиците, истакна министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на денешната регионална конференција организирана […]

„Градски паркинг“ ќе остане без паркиралиштето во Клинички


ЈП „Градски паркинг“ би можел да остане без паркиралиштето на Клиничкиот центар, затоа што пред неколку месеци заврши договорот со кој Владата го даде на стопанисување на Град Скопје и јавното претпријатие во време на мандатот на поранешниот градоначалник Коце Трајановски. Министерството за здравство побара да му се врати паркингот во кругот на Клиничкиот центар […]

„На точак“ со реакција за „Ленинова“: Мал простор за пешаци и бехатонска подлога за велосипедска патека?


Од иницијативата „На точак“ реагираат дека е оставен мал простор за пешаците на улицата „Ленинова“ во Центар, но и дека се поставува бехатонска подлога за велосипедска патека.  – Деновиве се поставува подлогата при реконструкцијата на ул. „Ленинова“ во Општина Центар. Бидејќи планот за оваа улица не беше јавно споделен, сите погодуваме каков ќе биде крајниот […]

Општина Ѓорче Петров добива нова ЛЕАП стратегија за заштита на животната средина, претходниот завршил во 2012 година


Во соработка со партнерите од општина Ново Брдо-Косово, во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се одржа првиот јавен консултативен настан за почетокот во изработката на ЛЕАП-локален економски акциски план на општината. Ваков стратешки документ во Општина Ѓорче Петров, информираат од општината, последен пат е изработен во 2005 година со важност до 2012 година. […]

Рибеиро: На малите пазари медиумите се лесен плен на политички и бизнис интереси


На малите пазари, каде медиумите немаат финансиска структура која им овозможува да бидат целосно независни од различните интереси, тие претставуваат лесен плен за политичките и бизнис интереси, вели во интервју за МИА претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро. Во однос на забелешките во извештајот на Репортери без граници, дека и покрај подобрувањето […]

До крајот на неделата, до крајот на мај – приватните превозници никако да се вратат на улиците


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување на телевизија синоќа најави дека приватните превозници ќе се вратат на скопските улици и ќе почнат да возат до крајот на месецов. „Она кое го имавме како постапка, беше прекинато во два наврати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, […]

Бугарските клубови се најдоа во извештајот за верски слободи на Стејт департментот


Американската влада во годишниот извештај за меѓународна верска слобода се осврна  на отворањето на бугарските клубови во Северна Македонија. „Еврејската заедница соопшти дека отворањето на два бугарски културни клуба, именувани по поединци кои работеле со Германците во Втората светска војна, го навредува споменот на Евреите од Северна Македонија кои загинале во логорот на смртта Треблинка. […]

Намален бројот на ученици во основните и во средните училишта


 На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 184.910, што претставува намалување за 0,6 % во однос на претходната учебна година, соопшти Државниот завод за статистика. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69.378, што е намалување за 2,5 % во однос […]

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во Северна Македонија


Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Северна Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска […]

Промоција на е-државјанство


 Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе промовираат е-државјанство. Настанот ќе се одржи претпладне во Една точка за услуги (ЕТУ) во Скопје. 

Панел дискусија „Зајакнување на Источното крило на НАТО”


„Зајакнување на Источното крило на НАТО” е насловена панел дискусијата со студенти што ќе се одржи денеска на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. На панел дискусијата, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници од земјите од Вишеградската група и од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, кои ќе ги исложат своите ставови, по што […]