Врховен нема да ја преиспитува одлуката за „Транспортер“


Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 26.06.2023 година одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2 бр.6/23 познат во јавноста како „Транспортер”.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23 со која барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, го отфрли како недозволено.