Пензиските друштво го засадија десеттиот пензиски парк


На самиот почеток од третото продолжение на кампањата „Засади желба“ пензиските друштва засадија „Пензиски парк“ во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје. Овој парк е десетти по ред од почетокот на кампањата со едукативен и информативен карактер со која Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје […]

Духовден е неработен за православните


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 02 јуни (петок) 2023 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Отворениот Кабинет на министерот Спасовски стартува на 5 јуни во СВР Штип


Отворен кабинет е новиот проект на Министерството за внатрешни работи,  во рамки на утврдениот концепт „МВР за граѓаните“, кој ќе започне со реализација на 5 јуни, а со неделна динамика ќе трае во наредните два месеца. Ако имате прашање за министерот, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог за подобрување на севкупното работење […]

Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер попладне


Времето денеска во претпладневните часови ќе биде променливо облачно, а од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 31 мај 2023 година, 151-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 214 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 2 минути. Денов трае 15 часа. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее ова деноноќие, а […]

Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација


Во 2022 година, идентификувани се девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од нив, се деца – седум на возраст од 14 до 17 години. Според видот на експлоатацијата, во најголем број од случаите се идентификувани како присилен брак – шест лица, а две се идентификувани […]

Делови од Центар, Кисела Вода и Шуто Оризари утре без струја


Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека утре (среда), поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат: – Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од Дел од ул. „Карбуница“, ул. „Рељо Шестокрило“, дел од ул. „Индира Ганди“, „Виетнамска“ и „Нов Живот“ (општина […]

Билјана Ангелова избрана за нов ректор на УКИМ


Професорката на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и проректор за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Биљана Ангелова денеска е избрана за нов ректор на УКИМ, соопшти Универзитетската изборна комисија. – Според доставените резултати од страна на изборните комисии од спроведеното непосредно и тајно гласање на единиците во составот на […]

Маја Богоевска е добитник на наградата „Тоде Петревски“


  Полуписмените го киднапираа новинарството и ја унаказија новинарската професија заради лични интереси, рече новинарката Маја Богоевска добитник на локалната награда за новинарство „Тоде Петрески“ која по 19 пат се додели во Битола во чест на новинарот на Радио Скопје, дописник од Битола, Тоде Петрески, кој почина прерарно. Наградата ја установи и ја доделува локалниот „Битолски […]

Повреден полски турист од помал одрон на патот кај Матка


Денеска преку линијата за итни случи 112 во ЦУК од пладне (12.55) па до 14.28 часот, по пријавата за одрон на патот кај Матка после браната, од Секторот за операции и координација на ЦУК, беше спроведена координација за згрижување повреден турист од Полска и за преземање мерки за безбедност, бидејќи имало опасност од други одрони, […]

Според првичните резултати, Ангелова е нова ректорка на УКИМ


Актуелната проректорка за финансии, проф. д-р Билјана Ангелова предничи зад останатите петмина кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како што за Мета.мк информираат од Универзитетската изборна комисија, броењето на гласовите е во тек, а официјалните резултати ќе бидат објавени за околу два часа. „Ангелова предничи по досега избројаните гласови. Но, треба да […]

Сѐ беше според законот, тврди претседателот на Судскиот совет


  Непријатни се таквите укажувања и изјави, но во целата оваа состојба ве уверувам дека работиме согласно законот и тој не е прекршен, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, по негативните оценки на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп и на претседателот на државата Стево Пендаровски за работата и случувањата во Советот, додавајќи дека не […]

Апелација му ја намали казната на Марјан „Доказ“ на две години и шест месеци


Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „ДоказМ“, а жалбите на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на истоимениот портал, делумно ги уважи. На седницата одржана на 19  мај во Апелациониот суд Скопје, Јавното обвинителство побара повисока казна, а одбраната повторување на постапката за случајот. – Апелациониот суд Скопје […]

Меѓународниот ден на детето ќе биде одбележан со претставата „Волшебникот од Оз“


Министерството за култура денеска соопшти дека 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето ќе биде одбележан со продукција на училиштето за театар „Од игра до претстава“. Претставата „Волшебникот од Оз“ ќе се одржи на 1 јуни во 18 часот во Градскиот парк, кај Школка.  – Во чест на Меѓународниот ден на детето, упатуваме отворена покана […]

Маричиќ: Креирање соодветно образование и обука клучни за развој на македонската економија


Областа „Образование и култура“ обработува суштинска тема за постигнување на благосостојба на македонските граѓани, врз основа на солиден инклузивен економски раст на државата, порача вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ на денешниот билатерален скрининг состанок за Поглавјето 26 – „Образование и култура“ во Брисел. – За развој на македонската […]

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово


Чист воздух е придобивката во Тетово тоа што изминативе месеци често пати имаше дожд, вели специјалистот по здравствена екологија и хигиена д-р Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за јавно здравје кој ги анализирал состојбите овие три месеци. Параметрите кои се евидентирани преку Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово покажуваат дека […]

Излезе од затвор човекот кој ги предате клучевите од Собранието на „крвавиот четврток“


По шест години поминати во затвор оти ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, попладнево од затворот во Скопје излезе Абдилфета Алими. Пред затворот дојдоа негови пријатели и роднини за да го пречекаат Алими. Меѓу нив беше и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села. Aлими на крвавиот четврток му го спаси животот […]

Во првите три месеци годинава бројот на починати е за 1.577 лица поголем од бројот на родените


Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8,8 отсто и изнесува 3.656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица, пак, во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 29,5 отсто во споредба со истото тримесечје од 2022 година […]

Основните јавни обвинителства во државава ќе добијат 18 нови јавни обвинители кои денеска дадоа свечена изјава


Свечена изјава дека во вршењето на функцијата јавен обвинител ќе го почитуваат Уставот и законите и дека непристрасно и одговорно ќе ги заштитуваат слободите и правата на граѓанинот и интересите на другите правни субјекти, денеска пред Советот за јавни обвинители дадоа 18 обвинители. Свечена заклетва за основен јавен обвинител на Штип даде и обвинителката Татјана […]

Арсовска: Да не беше хакиран системот на финансии, ќе ни беа исплатени трансакциите


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на седница на Советот на Град Скопје уште еднаш повтори дека не е блокирана сметката на градот, туку имало проблеми со трансакциите поради неодамнешниот хакерски напад на Министерството за финансии. -Да не беше хакерскиот напад на Министерството за финансии, се што е тековна обврска ќе ни беше исплатено. […]