Отворен ден во археолошкиот локалитет Стоби


Во рамки на проектот „Еуropov platino Stobi, европскто минато и иднина, културни вредности“ денеска во археолошкиот локалитет Стоби се одржа Отворен ден, на кој присутни беа учесници во проектот од земјава и соседна Грција, како и ученици од Велес, Градско, Росоман и Кавадарци. Како што информира за МИА, Марија Џунова портпарол на Националната установа Стоби, […]

Ислам Абази на семинар во Рим учи како да гони сериозен криминал


  Делегација предводена од  јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, присуствуваше на завршната конференција на Проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019” во Рим.   -Во време кога тероризмот и организираниот криминал не познаваат граници и сторителите ги користат сите технолошки иновации на денешницата, нашето оружје треба […]

На охридскиот аеродром пристигна првиот авион со туристи од Манчестер


Околу 6.000 британски туристи се очекуваат ова лето во Охрид со воведувањето на двете нови авиолинии на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ од аеродромите во Лондон и Манчестер што од денеска почна да ги реализира авиокомпанијата ТУИ ервејс Велика Британија. На официјалната церемонија за пречек на првиот лет од Манчестер, присуствуваа министерот за транспорт и […]

МТСП ги одзеде ингеренциите на Куманово за градинката „Ангел Шајче“, Димитриевски ќе се жали пред суд


Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за поставување директор на градинката „Ангел Шајче“, соопшти на денешната прес-конференција кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Тој најави дека решението ќе го обжали пред надлежен суд. -Во текот на вчерашниот ден до Општина Куманово пристигна решение од Министерството за труд и социјална политика на […]

Националниот парк Шар Планина ќе дозволува легализација на објекти кои ќе се користат за туризам


По евиденцијата на објектите на територија на националниот парк Шар Планина, во следните фази ќе определат тие кои може да се легализираат со цел во иднина да се користат за туризам, најави денеска директоротот на Националниот парк, Ибрахим Дехари. Од овааа установа беше организираше средба со повеќе засегнати страни и еден од главните поддржувачи Програмата […]

Од ноември до сега општина Центар издала 37 правосилни одобренија за градење


Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените правосилни одобренија за градење, доградба и надградба и линиска инфраструктура на територија на општината. Од месец ноември 2022-ра година, заклучно со месец мај 2023-та, издадени се вкупно 37 правосилни одобренија за градба, од кои 27 се одобренија за градба, 2 одобренија се за […]

Од утре летното работно време на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје


Од утре почнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање – зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д од понеделник до сабота ќе биде од 7:00 до 23:00 часот. Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, апелираат корисниците на услугите на јавните површини […]

Грковска: Не смее да се нормализира говорот кој дискриминира и поттикнува насилство


„Историјата ни дала бројни поуки за последиците од организирано ширење омраза, а во контекст на технолошките можности кои ги имаме денеска, ова прашање стана далеку посериозно“- истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната конференција „Општество без омраза: заеднички труд и заедничка цел“. Во своето воведно обраќање, […]

Заврши расправата за Законот за задолжување кај ЕБРД


  Заврши собраниската расправа за измените и дополнувањата на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, […]

Меџити: Нема недостиг на „амоксиклав“ во земјава


Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека во земјава нема недостиг на лекот „Амоксиклав“.  – Некој кажал дека нема, тоа можеби е индивидуално. Во регионалните земји го има, можеби тие имале некои резерви. Се слушнав со директорот на „МАЛМЕД“, во моментов не постои таков проблем. Снабдени сме со „амоксиклав“ и го има во моментов, изјави […]

Изгореа три контејнери со отпад во Ѓорче Петров, заменети се со нови


Во текот на изминатите два дена, непознати сторители опожариле три сада наменети за одлагање комунален отпад на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров. Еден од контејнерите бил лоциран спроти Европската очна клиника, додека останатите два контејнера се опожарени во непосредна близина на Геријатриската болница. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на микролокациите […]

Од вкупно испуштените води во 2022 година, пречистени се само 15,5 отсто


Вкупното количество зафатенa вода од индустриските претпријатија во 2022 година изнесуваше 4,303 милиони м3, со најголемо учество на секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (98,7 %), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од површински води, односно 49,9 %. Вкупното […]

Oтпадот да стане ресурс, а не ѓубре – од 70.000 компании само 1.600 плаќаат надоместок за отпадот


Размена на искуства и предизвици од имплементацијата на законите за посебни текови и управување со отпад, како и законот за проширена одговорност на производителот се главна тема на работилницата што во организација на Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија, се одржува вчера и денес во Струмица.   „Сметам дека […]

Формирано да менаџира со топловодната мрежа во Скопје, АД ГЕС по 5 години ќе престане со работа


На денешното Собрание на акционерите на АД Градски енергетски системи – Скопје, се избра претседател на собранието, а тоа е Трајко Славески кој претседава со Советот на Град Скопје, кој пак е единствениот акционер на АД ГЕС, пишува „Вечер“. Гоце Трпчевски, досегашниот претседател на Собранието на акционери, истакна дека лани не била одржана ниту една […]

Радиолозите ќе можат да читаат резултати и од дома, ако сакаат повисока плата


Здравството е во лоша состојба, признава министерот Фатмир Меџити, но вели дека има визија за реформа во здравството, со веќе најавената дисперзија на лекари низ внатрешноста, за да не мора пациентите да доаѓаат до Скопје, да трошат пари и време, туку специјалистите да им бидат достапни во нивниот град, а апаратурата која фаќа прашина, да […]

Земјотрес почувствуван во дебарскиот крај


Земјотрес од 3,2 степени според Рихтер утрово во 10.14 часот беше почувствуван во дебарскиот крај, објави сајтот „ЕМСЦ“. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31.05.2023 година регистрираше земјотрес 89 km југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално […]

Регионалниот фонд за предизвици го отвори Третиот повик за финансирање проекти во образованието


Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) го отвори Третиот повик за изразување интерес и поканува апликанти од сите економии и сите економски сектори од Западен Балкан, заинтересирани конзорциуми на установи за стручно образование и обука и претпријатија посветени на заедничка имплементација на проекти за кооперативна обука, да аплицираат до 7 јули 2023 година до 23:59 часот. Изјави за […]

Проф. д-р Ангелова, нов ректор на УКИМ: Потребна е многу работа за да имаме поквалитетно образование


Проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт е нов ректор на УКИМ. Редовни, вонредни професори, доценти и студенти – членови на универзитетски студентски собранија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку директно гласање ја избираа за прв човек на најстарата образовна институција во земјава. – Навистина сум среќна за мојата нова функција. Сакам да бидам […]

Едукација и казни бараат граѓаните за да се намали загадувањето


Едукација и подигнување на свеста кај населението за штетите од загадувањето на животната средина, за децата, но и за возрастните и  примена на казнени одредби, како и поголем број на комунални инспектори на терен е она што граѓаните од западниот дел на земјава бараат за да се придонесе кон почиста животна средина. Охрабрува фактот дека […]

Пендаровски и Месиќ на Македонскиот енергетски форум 2023 (во живо)


Обраќања на претседателот Стево Пендаровски и на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ на шестото издание на Македонскиот енерегетски форум МЕФ, што завршува денеска со панели за енергетска дипломатија, технолошки иновации за енергија и трансформација на енергијата преку локална климатска акција.  Фокусот на годинашниот МЕФ е зелената транзиција и енергетската отпорност. На првиот ден од форумот […]