Децата умеат да препознаат насилство


Децата знаат да препознаат насилство, а како најприсутно се јавува меѓуврсничкото, ова беше оценето во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“.

На денешната конференција беа сумирани сите впечатоци и идеи произлезени од работилниците кои изминатиот период се одржуваа во рамки на проектот.

Кристина Сибиновска, проектен директор на „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација“, информира дека целта на проектот е зајакнување на капацитетот на локалното граѓанско општество за градење отпорност против радикализација на младите во државава и развивање на платформа на граѓански организации кои работат со млади, и темата радикализација со цел превенција од насилство кај младите од секаков вид.

-Децата ги препознаваат сите форми на насилство , меѓутоа и ние поради тоа ги одржувавме овие работилници за да ги зајакнемме нивните знаења со цел да бидат подобри во однос на препознавањето на насилството и навремено спречување, посочи Сибиновска.

Додаде дека младите покажуваат интерес за учество во вакви проекти.

-Претежно во Струга преовладува меѓуврсничкото насилство, владеаат тепачки и немири, како во училиштата така и надвор од нив Но, психолозите и директорите се трудат што е можно повеќе да придонесат во спречување на насилството, посочи Стефанија Шопоска, една од учесниците во работилниците.

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, посочи дека изминатиот период државата се соочува со поделеност од верски, етнички или политички причини, и цоени дека поради тоа ваквите проекти се особено значајни.

-Ваквите проекти се важни, бидејќи на младите им ја претставуваме перспективата, да им покажеме дека разликите не се проблем, туку треба да ги баарме сличностите, меѓу себе за да можеме да градиме едно општество, порача Апостолоски.

Според него не е заеблежан тренд на зголемено насилство кај младите, но дека се уште има некои форми на насилство на кои треба да се работи многу повеќе.

-Јас бев и силно засегнат од врсничкото насилство или наслтвото кое се случуваше по автобуските постојки и градскиот превоз,к бидејќи работев во МВР. Но, мислам дека преку ваквите работилници спласнуваат тензиите. Проблем уште претставуват одредени форми на булинг, меѓутоа активно работиме на тоа да го подигнеме на одговорност кај лицата во обраозванието кои имаат одговорноста одблиску да ги следат проблемите кај младите. Нормално не смееме да ја зпаоставиме и улогата на семејството оти таа е многу важна, затоа организираме проекти во кои работиме со мајките, изјави тој.

Наим Иљази, претставник од Агенцијa за млади и спорт посочи дека Агенцијата е отворена за поддршка на ваквите иницијативи. Истакна дека Агенцијата ги препознава сите младински интереси и дека новата Националната стратегија за млади го опфаќа проблемот со насилството помеѓу младите, но дека се уште не е изготвена.

Младите учесници во проектот изминатиот период имаа можност да учествуваат на работилници на кои беа изведени бројни активности во насока на зајакнување на нивните капацитети. Тие креираа идеи за развој на заедницата во која живеат, од кои три ќе бидат наградени.