Следната недела – пекол, температура до 40 степени Целзиусови


Топло време во Скопје (Фото: Б. Грданоски)

 

УХМР најавува стабилизација на времето, а следната недела температурите растат, за во четврток да достигант до 40 степени Целзиусови.

Следува период на стабилно и суво време. Во деновите од викендот ќе дува засилен, а вдолж поширокото Повардарие и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Од понеделник температурата насекаде ќе биде во значителен пораст, најавува УХМР.