Субвенции од 10.000 денари за зачувување на старите занаети


Градот Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот. – Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата на активностите од областа на локалниот економски развој на подрачјето на […]

Граѓаните повеќе нема да газат по кал: Асфалтирани краците на улицата „Христофер Жефаровиќ“


Градоначалничката Данела Арсовска информира дека биле завршени градежните активности на краците на ул. „Христофер Жефаровиќ“. – Ги завршивме градежните работи на краците на ул. „Христофер Жефаровиќ“, улица која минатата година Град Скопје ја градеше и која беше во катастрофална состојба каде жителите се движеа по кал со децении, а воедно беше посочувана од нив како […]

Слободни 23.903 места за упис во средните училишта во второто пријавување од јунскиот рок


 За второто пријавување во јуни за упис во средните училишта во учебната 2023/2024 годна има слободни места за 23.903 ученици.  По  првото пријавување во јунскиот уписен рок, останати се 5.438 слободни места во гимназиското и 18.059 места во стручното образование.  Како што информираше МОН, според наставниот јазик, 18.002 места се слободни за настава на македонски […]

Врховен нема да ја преиспитува одлуката за „Транспортер“


Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 26.06.2023 година одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2 бр.6/23 познат во јавноста како „Транспортер”. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23 со која барањата […]

Невладина организација поднела пријава до ДПИ за тројца професори од Универзитетот во Тетово


Невладината организација Форум за образовни промени денеска во Тетово на прес-конференција соопшти дека до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) во петокот поднеле две пријави за тројца професори на Универзитетот во Тетово. Според Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени првата пријава се однесува на незаконски избор на двајца членови во Националниот совет за високо […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека внук на Али Ахмети станал прв секретар на амбасадата во Берлин


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку пратеникот Драган Ковачки објави дека Бесијан Ахмети, внук на Али Ахмети, само со 10 месеци работен стаж пред три месеци станал прв секретар на македонската амбасада во Берлин. „Бесијан Ахмети, брат на Дрин Ахмети вклучен во купувањето на центарот „Соравија“ во Скопје, на 16 мај 2022 година е вработен во […]

УНДП и МВР спроведуваат проект против сексуално насилство на интернет


 Борба против сексуалното и родово – базирано насилство на интернет преку зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи е главна цел на проектот кој во наредните 18 месеци ќе го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со МВР. Станува збор за исклучително важна активност, со оглед на тоа што, според […]

Маричиќ во Ниш потпиша финансиска спогодба ИПА програма на ЕУ за прекугранична соработка со Србија


 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш со српската министерката за европски интеграции Тања Мишчевиќ и евроамбасадорот во Србија Емануел Жиофре, потпишаа трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија, јави дописникот на МИА од Белград. ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше […]

Катанци и синџири во психијатриската болница „Демир Хисар“, 15 затвореници спијат во 14 квадрати


Во најголемиот затвор во државава, КПУ/КПД Идризово, во таканареченото затворено одделение во најголемиот дел од просториите не се почитуваат Европските затворски правила, според кои како минимален стандард за сместување лица лишени од слобода се налагаат четири метри квадратни индивидуален простор во заедничко домување, или шест метри квадратни во самостојно домување. Напротив тука условите доведуваат до […]

Пластичните ќеси ќе се користат уште една година


Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста, дека согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Службен […]

Нестабилно време и во наредните денови


Нестабилно време со променливи температури ќе се задржи до крајот на неделава. Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува сончево и топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се […]

Нови извори на вода во Крушевско, се растоварува „Студенчица“


Се зафаќаат нови извори на вода кои ќе обезбедат дополнителна вода за с. Норово, а тоа ќе го намали притисокот врз Студенчица и пумпната станица.   Започна процесот на зафаќање на нови гравитациони извори и истите денес ќе се поврзат со резервоар во Норово. Како резултат се очекува недостатоците од вода во Норово да се […]

Заловување на бездомни кучиња во општина Центар


Заловувачкиот тим на ЈП Лајка оваа недела  ќе започне со стратешко заловување во општина Центар. Тимот ќе се обиде да  го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овој реон, а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од Лајка. Ќе бидат   посетени  следниве локации: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Ново Маало, Тасино […]

Дури 72,4 отсто од водите биле испуштени непречистени во 2022 година


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 300 116 илјади м3 вода за снабдување, што е за 2.0 % помалку во однос на 2021 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.8 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 0.9 %, од езера. […]

Курбан Бајрам – 28 јуни, неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед


Првиот ден од Курбан Бајрам, 28 јуни (среда) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството, на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.

Јавното обвинителство ги проверува случаите со Мерко во Струга и Битола


 Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ (ЈОРСМ) денеска врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во Основното јавно обвинителство Струга и Вишо јавно обвинителство ЈО Битола, информираат од ЈОРСМ. Од Јавното обвинителство посочуваат дека по целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај. Обвинителството во четвртокот […]

По „Есенинова“ конечно може да се вози


По улицата „Есенинова“ од Чешма до „Трета македонска бригада“, која беше најавувана како идеално решение за поврзување на три општини, Центар, Аеродром и Кисела Вода, конечно може да се вози. Официјално, таа уште не е пуштена во употреба, но коловозот веќе  е бележан и тргнати се сите барикади кои го оневозможуваа двиќењето по неа. Според […]

Лекарска комора: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите


Лекарската комора на РСМ ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи. Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” – Битола, кој е присутен […]

Најмногу дожд во Битола


Најмногу наврнат воден талог од 42 литри на метар квадратен за изминатите 24 часа до 8 часот утрово, има во Битола. Како што информираат од УХМР, следат Претор со 16 л/м2, 9 во Струмица, Берово и Крушево, 6 во Виница, 2 во Тетово и 1 во Охрид и на Попова Шапка. Дадените вредности за количината […]