Поради дефект без вода делови од Автокоманда


Поради уличен дефект ф200мм затворен е довод на вода на Бул. „Александар Македонски“.  Од ЈП Водовод и канализација информираат дека до санација на дефектот без вода ќе бидат Ист Гејт, бензиската „Окта“, Кнауф, Хотел Континентал и неколку згради во околината.

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер


Ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР. На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во западните делови, а […]

Во владина процедура влегува новиот закон за аквакултура и рибарство


Во владина процедура влегува новиот закон за аквакултура и рибарство, целосно усогласен со директивите на ЕУ, рече министерот за земјоделие Љупчо Николовски при вчерашната посета на акумулацијата Стрежево. „ Не само законот за рибарство и аквакултура. Само што заврши проектот на ЕУ за финансиска поддршка на Министерството за земјоделие пред околу два месеци каде што […]

Негативен природен прираст во 2022 година


Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја лани се евидентирани 10 866 живородени деца или 60.1 % од вкупниот број на живородените деца во земјава, додека 7 207 или 39.9 % се живородени деца во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 39.6 %, а […]

Словенија и Бугарија најатрактивни за студирање


Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Универзитетскиот професор Страшко Стојановски […]

Патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија


Северна Македонија и Србија од денеска применуваат заеднички систем за наплата на патарина со еден „таг“.  Наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини. Од Јавното претпријатие за државни патишта за МИА информираа дека системот ги поминал успешно сите тестирања, подготвен […]

Од денеска летен режим за сообраќај за тешки товарни возила


Од денеска до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендот и за денови при екстремно високи температури. Како што информира АМСМ, забраната се однесува за следните термини: петок од […]

Сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е  сабота, 1 јули 2023 година, 182-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 183 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Пендаровски: Имаме информации дека луѓе од МПЦ, бизнис заедницата и партиите соработуваат со руски служби


Никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но според информациите што доаѓаат на овие теми, чудно ми е што црквата првпат повикува на протест по тој повод. Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата, изјави во интервју за Аргумент […]

Нема селективен избор на медиумите на владините посети во странство, тврди Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека нема селективност при изборот на медиумите кои ги покриваат неговите посети во странство. Како што рече денеска на прес-конференција, изборот на медиумите кои патуваат со владините делегации се прави по принцип на ротација. -Медиумите се повикуваат според систем на ротација. Нема никаква селективност, само принцип на ротација, со оглед на […]

Викендов облачно со пороен дожд


Од утре попладне и во недела времето ќе биде променливо облачно. На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Како што соопшти УХМР, и во Скопската котлина од утре […]

Истрага против поранешни функционери за набавката на спомениците од „Скопје 2014“


Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното oбвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на […]

Стојановски до премиерот: Се плашиш да им кажеш добар ден на криминалците од ДУИ


Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната сесија за пратенички прашања во Собранието побараа од премиерот Димитар Ковачевски од говорницата да побара оставка од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако се најде на „црната листа“ на САД, но тој само уште еднаш ги повика институциите да ги проверат наводите на Стејт Департментот. -Доколку ги погледнете основите по […]

Внукот на Ахмети ќе гради и електрана без пари


Компанијата „Thor Industries“ на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, потврди дека лани не остварила никакви приходи, но причина за тоа биле направените значитрелни инвестиции таа година. -Во 2021 година, „Thor Industries“ не оствари никакви приходи, но имаше значителни инвестиции за истата година. За 2022 година оперативната добивка за Thor Industries беше 367.943 евра. (Втората […]

Лани регистрирани 662 дивоградби


На територијата на државава лани се регистрирани 662 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 111 објекти за домување (16,8 проценти), 101 доградба, надградба и адаптација (15,3 проценти), 58 деловни објекти (8,8 проценти), 94 гаражи (14.2 проценти), 125 огради (18,9 проценти), пет скалила (0,8 проценти), 19 […]

Граѓански организации бараат да престане притисокот врз тие што се борат против корупцијата


Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од претставниците на Владата на Македонија да престанат со креирање притисок врз независните институции кои работат во областа на борбата против корупцијата и да обезбедат нивно непречено работење и остварување на нивните надлежности. Напоменуваме дека критики за исполнување на надлежностите на која било институција се добронамерни […]

Следната недела ќе се дислоцира оштетениот топловод од мостот „Беласица“


Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Стефанов денеска информираше дека следната недела ќе започне дислокацијата на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ во близина на ТЦ „Ист гејт“. -Интензивно изминатиот период работевме на оваа проблематика. Топловодот треба да се отстрани и комунициравме со Град Скопје на кој начин да го решиме проблемот. Ние од наша страна […]

Против Македонија покренати арбитражни постапки што можат да не чинат над милијарда евра


Ако Македонија ги изгуби покренатите арбитражните постапки  по склучените и ратификувани меѓународни договори  ќе треба да плати повеќе од една милијарда евра оштети – констатира Државниот завод за ревизија во извештајот што го објави денес за работењето на Владата во 2021 година. За какви арбитражни постапки станува збор не се наведува, но сумата, според ДЗР, […]

Почна реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“


По 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом „Копанки“ со поддршка на Општина Битола започнаа градежни активности за негово реконструирање. Согласно потпишаниот договор помеѓу Општина Битола со ПСК „Пелистер“, изработен е проект за реконструкцијата на овој објект. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари, а додека во […]