Ќамил Ковачи нов в.д директор на ЈП Улици и патишта


Саит Саит, од денес е разрешен од позицијата Директор на ЈП Улици и Патишта, а функцијата в.д директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи. Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај, соопштија кусо […]

Герасимовски: Поделени 150 пакети за социјално загрозени семејства


Градоначалникот Горан Герасимовски подели 150 пакети со прехранбени продукти и хигиенски производи, наменети за социјално загрозени лица и семејства од Општина Центар. – Социјалните пакети кои се донација, благодарение на општествено одговорната компанија Кам Маркет со којашто општината има традиционална соработка, градоначалникот ги подели заедно со претставници од невладината организација „Банка за храна на Македонија“, […]

Контрацепција.мк, нова веб-страница со корисни информации за сексуалното здравје


Институтот за јавно здравје и ХЕРА денеска во Скопје ја промовираа веб-страницата за контрацепција, достапна на македонски и на албански јазик. Во отсуство на сеопфатно сексуално образование во училиштата, постои надеж дека оваа веб-страница ќе им биде корисна на граѓаните, на младите, но и на здравствените работници во заложбите да ги информираат нивните пациенти. Идејата за […]

Уставниот суд ќе расправа за Упатството за водење на матичните книги на 5 јули


Предметот во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги ќе биде ставен на дневен ред на седницата на Уставен суд закажана за 5 јули 2023 година. Како што информираат од Уставен суд, за предметот што тие го оформија по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност, иницијатива поднела и […]

Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“


Поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод Р-1106 низ НП Јасен, денеска се забранува секаков вид сообраќај во период меѓу 08:00 и 15:00 часот. По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини, соопшти АМСМ. Од 3 јули 2023 ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот […]

Корисниците од Бутел 1 денеска без струја


Без електрична енергија денеска од 8:00 до 10:00 часот ќе останат корисниците лоцирани на улица „Хо Ши Мин“ од бр.246 до бр. 266 во Бутел 1. Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Промоција на нова веб-страница за контрацепција


Институтот за јавно здравје и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска ќе ја промовира веб-страницата за методите на контрацепција. Станува збор за прва двојзична веб-страница во земјава, која е целосно посветена на контрацептивните средства. Замислена е да биде веродостоен извор на информации на македонски и албански јазик и им е наменета најмногу […]

Во Крушево седма година се организира фестивалот „When In Krusevo“


Од денеска од 2 јули во Крушево седма година по ред ќе се одржи фестивалот „When In Krusevo“, синоним за летна адреналинска авантура во највисокиот планински град на Балканот. Како што најавија организаторите, фестивалот на едно место обединува музика, спорт и култура, а целта е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски […]

Сончево и топло, со слаб ветар


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 8 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 22 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот денеска ќе биде 8. Во Скопје, времето денеска, […]

Астрономски календар


Денеска е  петок, 30 јуни 2023 година, 181-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 184 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

МПЦ бара да престане унаказувањето на образовниот систем со родовата идеологија


Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено […]

Поддршката за НАТО зголемена на 65,7 проценти, за ЕУ на скоро исто ниво, 62,3 проценти


Поддршката на членството на Северна Македонија во НАТО од 2021 година континуирано се зголемува правејќи кумулативна позитивна разлика од 5,9 проценти и во апсолутна смисла денес таа изнесува 65,7 проценти. Европските интеграции на Северна Македонија ги поддржуваат 62,3 проценти, што претставува резултат кој е на скоро исто ниво од претходното истражување во 2022 година, кога […]

Гаревски: Извештајот за мостот „Беласица“ е предаден, оштетувањата се мали, но ќе треба санација


Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ е направена од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени  и драфт верзијата е предадена  во  Град Скопје, потврди за МИА директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски.  Од визуелната инспекција, вели Гаревски, не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие […]

Од 17 часот посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест


Поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Почнувајќи од 17.00 часот, па сѐ до завршување на протестот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосниците: булеварот „Партизански одреди“ со булеварот „ВМРО“ во правец кон Карпош, булеварот […]

Арсовска не се појави на советнички прашања, седницата беше прекината


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не се појави на денешната седница на Град Скопје на советнички прашања, по што советниците од СДСМ ја напуштија салата бидејќи, како што рекоа, ќе нема кој да одговори на нивните прашања. Претседателот на Советот Трајко Славески, на почетокот на седницата извести дека стигнало известување од кабинетот на Арсовска […]

Откажан прилепскиот „Пивофест“


Годинешното издание на прилепскиот фестивал „Пивофест“ нема да се одржи, соопштија организаторите на фестивалот на околу две недели пред терминот за негово одржување. Настанот секоја година се одржува кон средината на јули, а привлекува илјадници граѓани од целата земја. Од Здружението Интернационален фестивал за пиво и скара „Пиво фест 2003“ од Прилеп соопштија дека овогодинешното […]

Од септември ќе има нов електронски дневник, летово наставниците ќе учат како да го користат


Во текот на летниот распуст, ИТ администратори од 30 основни и 26 средни училишта ќе бидат обучени како да го користат новиот електронски дневник, соопштија за Мета.мк од Министерството за образование и наука (МОН). Обуките ќе се реализираат додека траат годишните одмори и тие мора да ја “поминат” обуката. „Се организираат обуки за примена на […]

Живко Мукаетов почесен конзул на Кралството Норвешка во Македонија


Почесен Конзулат на Кралството Норвешка денеска беше отворен во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје, чиј генерален директор Живко Мукаетов ќе ја врши функцијата на почесен конзул во земјава. На официјално отворање на конзулатот во присуство на министри во Владата, претставници на бизнис заедницата, на дипломатскиот кор, пријатели и деловни соработници, се обрати државниот секретар во […]

Фатмир Лимани за семејството Ахмети: Пред 2001 година беа земјоделци на раб на егзистенција


Откако внукот од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети се претстави пред јавноста како успешен млад бизнисмен, другиот внук на првиот човек на ДУИ, поранешен сопартиец, а сега потпретседател на „Беса“,Фатмир Лимани за „Фокус“ вели дека семејството Ахмети пред 2001 година биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенцијата. -Јас ги познавам, фамилија сме, […]

Ќе се продлабочува одбранбената соработка помеѓу Македонија и Норвешка


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ејвинд Вад Петерсон, норвешкиот амбасадор Јорн Гјелштад и одбранбеното аташе на Норвешка, полковник Даг Магне Лунде. Продлабочувањето на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Норвешка преку потпишување на повеќегодишен Стратешки план за соработка помеѓу двете армии […]