МПЦ-ОА: Не подлегнувајте на провокации, агресорот се претставува како жртва


Ние изразуваме протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и родова еднаквост, не протестираме против никој друг, категоричен е викарниот епископ Стобиски г. Јаков во видеообраќањето испратено непосредно пред протестот, во кое им порачува на граѓаните не само да застанат во одбрана на верата, во одбрана на слободата на говор и мислење, туку […]

Нестабилно време и во деновите од викендот


 Во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето, соопшти УХМР.  Утринските температури ќе бидат во интервал од 10 до 20, а максималните […]

Епископот Давид им се закани на пратениците, ќе биле запишувани во тефтери


  Црквата го зголемува притисокот против законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција. Викарниот епископ на Скопската епархија, со титула епископ Давид Дремвитски, порача да се запишат имињата на пратениците во македонскиот парламент кои ќе гласаат за законите за Црквата да може да ги лиши од венчавки, крштевки, погреби. Тој оценува дека законското решение […]

Правата на жените ќе се подобрат со законот за родова еднаквост, вели министерката Тренчевска


  Министерката за труд и социјална политика пред денешниот протест на МПЦ-ОА појаснува дека законот за родова еднаквост не е исто што и законот за матична евиденција. Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество, а законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице […]

Велес стана дом на петтата Европска куќа во Македонија


Вчера, Велес стана дом на петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, со што се зајакнува мисијата на Делегацијата на Европската унија за поврзување на младите со Европската унија и вредностите што ги носи Унијата. Во моментов работат четири канцеларии и тоа во Скопје, Крива Паланка, Струмица и во Битола.   Надоврзувајќи се на инспиративните примери […]

Идентификувани уште шест лица за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски


Атина – Грчката полиција идентификуваше уште шест лица од групата, кој пред два месеци упадна на изложбата во Солун на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, со што вкупно се идентификувани 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на континуираната истрага и по наредба од Основното обвинителство на […]

Изложба „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“


Изложба насловена „Мајка Тереза од Скопје до Калкута“ од  Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УМТ) вечерва во 18, 30 часот ќе биде отворена во просториите на УМТ. Третата по ред изложба на Зеќири опфаќа 22 уметнички дела реализирани во мозаик, а авторот ја посветил на животната дејност на скопската хуманистка Гонџа […]

Писмото од австрискиот амбасадор ги „разбранува“ правосудните институции


Дипломатските претставници со своите отворени и „без ракавици“ коментари за владеењето на правото повторно ги разбрануваа правосудните институции во земјава. На отвореното писмо од австрискиот амбасадор Георг Вуцас, во кое тој побара смена на судии, обвинители, но и одговорност од нотари и извршители, за кои смета дека го одолговлекуваат процесот на наплата на долг на […]

Функционален системот за наплата на патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија


Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Проектот беше најавен во септември 2021 година  во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а […]

Кралството Норвешка отвора конзулат во Скопје


Конзулатот на Кралството Норвешка во Скопје денеска официјално ќе отпочне со работа.  На свеченоста, во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје во Автокоманда, ќе присуствуваат амбасадорот на Норвешка во Белград, Јорн Еуген Ѓелштад, државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, Еивин Вад Петерсон, советникот во Кабинетот на министерот за надворешни работи на Норвешка, Гро […]

Сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција


Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост,  бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.   Светиот архиерејски […]

Заменик-спикерот на Президиумот на данскиот Парламент во посета на Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе биде Карстин Хонге, заменик-спикер на Президиум на данскиот Парламент.  Хонге ќе има средби со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, со пратеникот од Движењето БЕСА Фадил Зендели, како и со членовите на Комисијата за европски прашања. 

Сончево со мала до умерена облачност, викенд дожд


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 […]

Астрономски календар


Денеска е  четврток, 29 јуни 2023 година, 180-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 185 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Високите температури се ризик за труење со храна, внимавајте што јадете и од каде купувате


Во лето, кога дневните температури се високи, мора да се внимава на безбедноста на храната што се консумира. Топлото време ги зголемува ризиците од појава на труење со храна, а за да се спречи тоа, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Како […]

„Ќе се сретнеме ние двајца каде што живееш“ – ЗНМ со осуда за заканите врз новинарот Огнен Јанески


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ги осудува јавните закани, говорот на омраза кон сите новинари и медиумски работници и кон новинарот Огнен Јанески кои биле упатени од страна на гледач во две контактни емисии на 27 јуни на ТВ24. Како што информираат оттаму, во текот на вчерашното издание на емисијата „Во […]

Сите чисти, парите ги нема: И нотарите го демантираат австрискиот амбасадор


Нотарската комора на Македонија во целост ги демантира и не се согласува со изнесените тврдења на австриската амбасада за вклученост на нотари во злоупотреба на службената положба и овластување во трговскиот спор меѓу македонската фирма ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес и австриската фирма АММА импорт експорт.  Од Нотарската комора наведуваат дека нотарите се лица со […]

Кучињата скитници станаа главна политичка тема во Битола откако беше искасано дете


  БИТОЛА – Последната несреќа кога глутница кучиња скитници искасаа малолетно дете во Битола, политичките партии во Советот на Општина Битола ја искористија за политички популизам на последната седница на Советот. Нашироко ја отворија политичката дебата кој е виновен што нема прифатилиште за улични кучиња во Битола и ја изгласаа иницијативата да се врати шинтерската […]

Судскиот совет ќе ги проверува наводите на австрискиот амбасадор


Судскиот совет ќе ги проверува наводите на австрискиот амбасадор Георг Вуцас и ќе изготви извештај откако дипломатот вчера преку писмено соопштение до медиумите упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во земјава. Во дописот тој директно го спомена и експремиерот Зоран Заев чија братучетка е сопственичка […]