Ќе се уредува парк кај „Есенинова“ покрај железничката пруга


Фото: Б. Грданоски

Град Скопје заедно со општина Кисела Вода ќе го уреди просторот меѓу улицата „Есенинова“ и паркот „Борис Трајковски“ паралелено со железничката пруга во Кисела Вода.

Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Град Скопје, а на просторот ќе се изградат пешачки површини, паркинг простори, спортски игралишта и ќе бидат засадени дрвја.

Град Скопје во соработката ќе учествува со средства во висина од 10 милиони денари, а градежните активности ќе ги изведуваат ЈП „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“.