Обдукцијата на Вања и Панче е завршена, наодите ќе дадат одговори на многу прашања


  Обдукцијата врз телата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски во Институтот за судска медицина и криминалистика е завршена, но извештаите сѐ уште не се готови, потврдија од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје за МИА. Извештајот од обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на малолетничката Вања и […]

Тркалезна маса како да се зајакне борбата против семејното насилство


По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организира тркалезна маса на високо ниво на која ќе присуствуваат претставници од институции и граѓански организации кои работат во областа на спречување и заштита од родово базираното насилство. Како што е најавено од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на тркалезната […]

По котлините магла, попладне локални врнежи од дожд, на планините снег


По котлините денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 […]

Магла со видливост од 100 метри на планинскиот премин Ѓавато


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Од ЈП Македонија пат информираат дека магла со видливост од 100 метри има на планискиот премин Ѓавато. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и […]

Таткото на Ѓорчевска донесен во Основниот кривичен суд во Скопје кај судија на предистражна постапка


Во Скопскиот кривичен суд попладневно е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.   Тој беше донесен од полициската станица „Центар“ каде последните 24 часа беше на распит. Се очекува на барање на Скопското Јавно обвинителства да му биде изречена мерка притвор од 48 часа, како и […]

Спасовски: Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе


Искрено сочувство до семејството, другарките и другарите, како и наставниците, за големата загуба на Вања, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе. Почивај во мир, Бог нека ти подари рајски градини, објави […]

Медиумите во регионот за убиството на Вања Ѓорчевска


Медиумите од регионот објавија вести за најновите детали поврзани со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, повикувајќи се на информациите од денешната прес-конференција на министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски.  Сите медиуми во Србија – РТС, РТВ, ТВ Н1, Еуроњус Србија, ТВ Нова, Политика, Танјуг, Данас, Блиц, Курир, порталите, социјалните мрежи, како топ тема, од […]

Оваа година 2.990 Македонци побарале бугарски пасош


  Бугарија ја одржува позицијата да биде мека на странски државјани кои бараат бугарски пасош. Според информациите на министерот за правда, како одговор на пратеничко прашање во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија. Генерално, бугарски пасоши бараат граѓани од регионов и од земјите кои се во војна […]

Генерално собрание на ЗЕЛС: Се разговара за блок дотациите во образованието, за децентрализацијата, за пожарникарите


Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, во фокусот меморандумот за соработка со Владата и блок дотациите за основното образование. Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ја одржa петтата седница на Генералното собрание, што е највисоко тело на заедницата. Во фокусот на седницата се потпишувањето меморандум за соработка со Владата и новата формула за […]

Бугарското МВР тврди дека „до моментот нема информации“ оти Палевски е во Бугарија


Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје „Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА. БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени во […]

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието


Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот Скопје, советниците од Општина Карпош расправаа и полноважно одлучуваа по 16 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, мнозинството во Советот ја поддржа Предлог – Одлуката за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник – овластен просветен […]

Австриската полиција со дронови ѝ помага на Србија да ја надгледува границата со Македонија заради миграцијата


 Австриската полиција користи дронови за да и помогне на Србија да ја надгледува границата со Северна Македонија. Ова е кажано за австриската агенција АПА при МВР во Виена. „Апсолутно е неопходна блиска прекугранична соработка во борбата против бруталните шверцери на луѓе. Затоа, знаењето на австриските специјалисти за беспилотни летала се бара и на границата на […]

Смртната казна кај нас е забранета, вели министерот Кренар Лога


  Смртната казна е забранета со Уставот, рече денеска министерот за правда, Кренар Лога, откако во јавноста се раширија повиците за нејзино применување во случајот со ладнокрвните убиства на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. На новинарско прашање за воведување смртна казна, Лога рече дека и тој е гневен како и секој граѓанин на оваа држава […]

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката


 Општина Центар по повод трагичната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ со препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката. – Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот […]

Адвокатот на Палевски за Телма: Го однесов во Белград на преглед, не знаев ништо за убиствата


Го однел Палевски во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жеровски. Вака адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма објаснува зошто бил со Палевски кога тој избегал од државата. – Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи […]

Убиецот на Вања и Панче побегнал во Белград, па во Бугарија – го однесол неговиот адвокат


  Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања, по убиството извршено истиот ден кога е грабната (на 27 ноември) на 30 ноември избегал за Белград, а потоа заминал во Бугарија, а заедно со него е и неговиот адвокат. Иако на денешната прес-конференција скопскиот обвинител Гаврил Бубевски, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не го споемнаа […]

Од утре до четврток дожд и снег


 Во вторник и во среда по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од утре попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите […]

Општина Желино блокира сеча на дрва, ја обвини централната власт за уништување на природата


Општина Желино ја обвини централната власт дека придонесува за долгорочно уништување на природата затоа што дозволиле сеча на борови дрва на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, а што се наоѓа на општинско подрачје. Градоначалникот Блерим Сејдиу денес на прес-конференција рече дека поради тоа се одлучиле да го блокираат пристапот до локацијата. – Се […]

Бубевски: Tаткото посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома


Главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Габрил Бубевски рече дека тројца од осомничените го признале делото. За убиствата, кои ги оквалификува како грозоморни, рече дека се предвидени максимални затворски казни.  – За тројца од петмината инволвирани за кои постои сомневање, имаме признание за целокупниот нивен ангажман во настанот и кој за што бил […]

За една недела отстранети 224 непрописно паркирани возила во општина Центар


За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила и со тоа го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, од 27 ноември 2023 година до 3 декември 2023 со помош на специјалните возила „пајак“ […]