Најстудено во Берово, најтопло во Дојран


Во Берово утрово е најстудено – еден степен, а најтопло е во Дојран, 12 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 7:30 часот два степени се измерени во Лазарополе, три во Битола, четири во Струмица, Тетово и во Маврови Анови, пет во Скопје – Петровец и во Демир Капија, шест во Прилеп, […]

Францускиот институт во Скопје ќе одржи Саем за студии во Франција


Францускиот институт во Скопје денеска ќе го одржи традиционалниот Саем за студии во Франција. Како што соопшти Францускиот институт во Скопје, настанот ќе биде отворен во 12 часот од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, како и Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности […]

Продолжува седницата на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија


Во Собранието продолжува седницата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. На седницата ќе бидат сослушани сведоци и експерти и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со скандалот на Онкологија. Во саботата пред Комисијата сведочеше поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова. Прашана […]

Дел од Општина Карпош денеска без струја


 Во текот на денешниот ден без електрична енергија останува дел на Општина Карпош. Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска од 09:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Драган Спиркоски Максо“ во Општина Карпош. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од […]

Сончево со умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утрото ќе биде свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 30 октомври 2023 година, 303-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 72 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 3 минути, а ќе зајде во 16 часот и 31 минута. Денов трае 10 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ова деноноќие нема […]

Дел од Општина Карпош утре без струја


Во текот на утрешниот ден, без електрична енергија останува дел на Општина Карпош. Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. Драган Спиркоски Максо во Општина Карпош. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од […]

Отворен ден на ДЗС во Градскиот парк во Скопје, децата преку игра учат за заштита и спасување од катастрофи


Преку тематски игри и показни вежби, денеска на настан по мотото „Соочи се со предизвиците низ игра“ кој се одржува во Градскиот парк во Скопје, децата имаат можност одблиску да се запознаат со сите сегменти на заштита и спасување од катастрофи. Настанот е дел од отворениот ден кој двапати годишно го организира Дирекцијата за заштита […]

Одбележан Светскиот ден на мозочниот удар


Настан по повод Светскиот ден на мозочен удар, на кој граѓаните имаа можност да се запознаат со причините и последиците на оваа состојба, се одржа денеска на плоштадот Македонија. Светскиот ден на мозочен удар се одбележува уште на две локации, во Кочани и Тетово. Претседателката на Македонското невролошко здружение, проф. д-р Драгана Петровска-Цветковска, на настанот […]

Kрушата на Лиле вторпат годинава раѓа плодови


Дрвцето круша на неготинката Лилјана Вучкова вторпат годинава роди плодови. Тоа дрвце се наоѓа во нејзиниот двор во неготинското село Курија, а Лиле во изјава за МИА, потенцира дека вториот пат крушите се поголеми.  – Сево ова предизвика интерес кај мои познаници. Едни велат машала, блазе тебе. Од други се поставува прашањето дали ова можеби […]

Изгаснати шест пожари на отворен простор, најголема површина изгорела во Општина Богданци


Во текот на вчерашниот ден активни биле шест пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Гореле сува трева и ниска вегетација, шума, отпадоци и слично, а најголема површина изгорела во Општина Богданци, каде што пожарникарите гаснеле два пожара, кај селото Стојаково и кај село Ѓавато, информираат од Центарот за управување со кризи. – Конкретно, […]

Бавна трка под мотото „Не е сѐ во брзината!” по шести пат во Скопје


Мото клуб Вепар ги кани мотоциклистите да учествуваат на овогодишниот настан „Не е сѐ во брзината!” кој по шести пат се одржува денеска во Скопје. Од клубот известуваат дека учеството е бесплатно, а сите заинтересирани можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10 и 11.30 часот. Мото клуб Вепар […]

Запознавање со цивилната заштита низ игра, настан на ДЗС во Градскиот парк во Скопје


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска во Градскиот парк во Скопје организира настан за запознавање на учениците со цивилната заштита под мотото „Соочи се со предизвиците низ игра“.  Учениците од училишта на Град Скопје ќе бидат дел од настанот на кој предвидено е преку тематски игри и показни вежби да се запознаат со цивилната […]

Сончево со мала локална облачност, наредните денови ќе продолжи топлото време


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Како што најавија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив […]

Почна зимското сметање на времето


Летното сметање на времето заврши изутрина во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што почна зимското сметање на времето. -Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува […]

Повлечена иницијативата пред Врховен во врска со прашањето за помилувањата


 Врховниот суд информира дека иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за прашањето за дадените помилувања на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е повлечена од самиот предлагач, адвокатот Миле Наумовски. – Врховниот суд на Република Северна Македонија известува дека на ден 27.10.2023 година, до Врховниот суд доставен е поднесок од адвокат Миле Наумовски, […]

Без струја утре дел од Гази Баба, Петровец и Скопскиот аеродром


Центарот за управување со кризи информираше дека утре во периодот од 04:00 до 07:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба и Петровец. Без електрична енергија ќе останат корисниците од индустриска зона Чојлија, Меѓународниот аеродром Скопје и објектите околу него, како и населените места Идризово, Јурумлери, Мралино, Дрма, Огњанци, Ржаничино, Чифлик, […]

ФВМС: Опремена Лабораторија за хигиена на животни


Промотивна работилница за активностите на Лабораторија за хигиена на животните и заштита на животна средина се одржа на Факултетот под водство на доц. д-р Мирослав Ќосевски. Во рамките на проектот „Опремување и оспособување на Лабораторија за хигиена на животни и заштита на животна средина“ поддржан од Министерство за образование и наука, лабораторијата се опреми и […]

Стојанов: Опомените за данок на имот се поради салдо од претходни години


Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов, во одговор на реакциите на граѓаните за пристигнати опомени за неплатен данок на имот, на својата Фејксбук страница напиша дека опомените за данок на имот се поради салдо од претходни години. -Известуваме дека тие се однесуваат на салдо од претходни години. Во ревизорскиот извештај издаден од Државен завод за ревизија […]

Поранешната директорка на ДСЗИ сведочеше пред Анкетна комисија за работењето на Онкологија


Поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова денеска сведочеше на седница на собраниската Анкетна комисија која го истражува работењето на Клиниката за онкологија. Прашана од страна на претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи дали имало вонреден инспекциски надзор во Клиниката за онкологија за време на нејзиното директорување, Сотирова Бухова одговори […]