САД го ставија Кочо Анѓушев на црната листа со забрана за влегување


 

„Соединетите Држави го означија Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, соопшти денеска портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Според неговата изјава, „денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. Оваа назначување ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“.

Сејт департментот објаснува и дека „овие јавни ознчувања се направени според Дел 7031(в) од Законот за резервации на средства на Стејт департментот, странски операции и сродни програми, 2023 година, како што е пренесено со Законот за континуирани резервации, 2024 година (Див. A, P.L. 118-15). Стејт департментот, исто така, ја определува сопругата на Анѓушев, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во Соединетите држави“.