Смртната казна кај нас е забранета, вели министерот Кренар Лога


Фото: Б. Грданоски

 

Смртната казна е забранета со Уставот, рече денеска министерот за правда, Кренар Лога, откако во јавноста се раширија повиците за нејзино применување во случајот со ладнокрвните убиства на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

На новинарско прашање за воведување смртна казна, Лога рече дека и тој е гневен како и секој граѓанин на оваа држава и дека Уставот ја забранува смртната казна, но исто така имаме и усвоени протоколи и други конвенции, со кои се забранува смртната казна.

„Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава, кои мислам дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат казната до крајот на својот живот, во нивната свест што имаат направено“, рече Лога. 

Највисоката казна затвор што треба судот да ја изрече за ова дело е доживотна казна затвор.