Тркалезна маса како да се зајакне борбата против семејното насилство


По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организира тркалезна маса на високо ниво на која ќе присуствуваат претставници од институции и граѓански организации кои работат во областа на спречување и заштита од родово базираното насилство.

Како што е најавено од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на тркалезната маса ќе се разговара за начините за зајакнување на повеќесекторскиот одговор кој е потребен за да се засили борбата против родово базираното насилство во Северна Македонија. Во оваа насока, се вели во најавата, од исклучителна важност е институциите и граѓанското општество да работат заедно со пристап насочен кон жртвата.

На тркалезната маса најавени се обраќања на првата дама Елизабета Ѓоргиевска, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор Килиан Вал, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин.