Рашковски повеќе не е во куќен притвор, дал гаранција од речиси 12 милиони денари


Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, повеќе не е во домашен притвор и правосилниот исход во случајот „Софтвери“ ќе го чека од слобода. „Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува […]

Со словенечка донација се реконструира колекторскиот систем во Дојран


  Со донација од 3,5 милиони евра од Словенија денеска започна проектот за санација и реконструкција на колекторски систем и отпочнување на постапка за изградба на нова пречистителна станица во Дојран, со кој системски се решава собирањето и пречистувањето на отпадните води во целата општина. На почетокот на почнувањето на работите присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, […]

„Макпетрол“ го поддржа новиот детски парк во Општина Илинден со хортикултурно уредување


Најмладите во Општина Илинден од денес ќе можат да се забавуваат во нов детски парк чиешто хортикултурно уредување е донација од „Макпетрол“. Во рамки на своите општествено одговорни активности компанијата редовно презема чекори кои што придонесуваат во справувањето со еколошките предизвици на денешницата. Оваа поддршка се реализира како дел од проектот „Зелена Општина Илинден“ во […]

Шукова најави потворно пуштање на Хидросистемот „Ѓавато“


 На првата седница на Влада ќе има информација за повторно пуштање на Хидросистемот „Ѓавато“, најави денеска министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која одговараше на прашањето кога повторно ќе се пушти овој систем, бидејќи нивото на Дојранското езеро е падното за метар и половина. Шукова истакна дека конечно ќе се исправи и […]

Дебарската болница доби уринометар, донација на дебранка од САД


Општата болница со проширена дејност во Дебар, доби апарат за потребите на лабораторијата, донација на дебранка од САД. – Нашата болница, поточно лабораторијата, доби уринометар, апарат со кој до денес не располагавме. Донација е на Нора Ќори од САД, ќерка на Демир и Фатима Папранику, наши сограѓани. Во име на вработените во болницата, особено во […]

Лога: Продолжуваме со унапредување на анти-корупциската правна рамка


Министерот за правда Кренар Лога во рамките на двете сесии од денешниот форум ја поздрави заложбата на ЕУ за вклучување на земјите кандидати во својот Извештај за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на проблемите со владеењето на правото. Ваквиот чекор на ЕУ , споредЛога, претставува воспоставување на еднаква основа со […]

По 40 години ќе се рехабилитира системот за отпадни води во Дојран, ќе проработи и хидросистемот „Ѓуриште“


Водосотојот на Дојранското Езеро е паднат за околу 1,5 метри, но денеска беше најавена  рехабилитација на системот за отпадни води, а и повторно ставање во функција на хидросистемот „Ѓуриште“, кој не работи од март 2021 година, поради преголеми сметки за струја.   Системот за отпадни води е изграден во осумдесетите години на минатиот век и […]

В недела започнува зимското сметање на времето, стрелките на часовникот одат еден час наназад


Викендов, во текот на ноќта, на преминот од сабота кон недела, во три часот по полноќ, почнува зимското сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад, односно од 3 на 2 часот.  Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд […]

Бекироски: МАЛМЕД не е надлежен за случајот „Онкологија“


На собраниската Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, заменик – директорот на „МАЛМЕД“, Роберт Бекироски денеска одговара на прашања на членовите на Комисијата. Бекироски кажа дека од јануари 2019 до денеска е актуелен заменик – директор на Агенцијата за лекови и медицински средства, а од август 2017 до октомври […]

„Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст“- презентирани националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија


Првата дама Елизабета Ѓоргиевска, на Филозофскиот факултет во Скопје имаше поздравно обраќање на презентацијата на националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“, во коорганизација на Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска и Филозофскиот факултет при УКИМ. […]

Мицкоски оди и ветува некои идни пари – само за три општини 104 милиони евра


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, секаде каде што ги посетува општините кои имаат вмровски градоначалници ветува пари што ги пренасочела државата кога тој ќе станел премиер. Вчера во Ѓорче Петров изјави дека за таму бие предвидени 20 до 22 милиони евра, пишува „24инфо“. „Добрата вест е што за неколку месеци од денес ќе имаме […]

Објавени се Насоки за конфискација и одземање имот


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше презентација на Насоките за конфискација и одземање на имот, документ кој беше подготвен со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во соработка со надлежните институции.   „Овој документ е наменет за јавни обвинители и истражителите од […]

Македонската армија ќе се вооружува со дронови


Македонската армија наредната година ќе влезе во процес на набавка на дронови, најави министерката за одбрана Славјанка Петровска. Гостувајќи на Клик плус на ТВ21, таа рече дека процесот веќе е започнат. „Анализата која јас ја најавив пред неколку месеци е направена. Генералштабот на Армијата со соодветните единици ја заврши оваа анализа која што покажа каде, […]

За да не се оди по кал, се прават патеки околу Олимписки базен


Општина Центар започнува со изведба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и Буњаковец. Општина Центар по барање на граѓаните започна со изведба на нови и реконструкција на постоечки пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и улицата „Никола Тримпаре“ во населбата Буњаковец. Општина Центар започна со изведба на пешачки […]

Во Владата денеска разговори за јавнообвинителската и судската служба


Во Владата денеска треба да се одржат разговори меѓу владини претставници и репрезентативниот Синдикат на УПОЗ. На средбата ќе се разговара за проблемите во јавнообвинителската и во судската служба. Во изминатиот период, вработените протестираа барајќи зголемување на платата за 78 проценти и враќање на додатоците на плата. Минатиот четврток, судската администрација најави дека нема да […]

Променливо облачно со повремен дожд и ветер


Времето денска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во […]

„Вертекс“: Лековите за цистична фиброза и во ЕУ и во САД се одобрени за деца под 12 години


 Компанијата „Вертекс“ (Vertex Pharmaceuticals) информира дека лековите за цистична фиброза („трикафта“/„кафтрио“) се одобрени од  Европската агенција за лекови (ЕМА), како и од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за деца под 12 години.  Во соопштение од медиумите компанијата „Вертекс“, ги отфрла како неточни изјавите на поранешниот директор на ФЗОМ, Миле Сугарев изнесени пред собраниската […]

Во ноември ќе се објави конкурс за стипендии за учениците од здравствените струки


Министерството за образование и наука следниот месец ќе објави конкурс за доделување на  600 стипендии за ученици кои се запишани во јавните средни училишта во државава и тоа во дуални паралелки во здравствените струки, каде се реализира практично образование со зголемен број на часови. Учениците запишани во здравствените струки годинава не можат да аплицираат на […]

Обвинителството истражува сеча на ели и молики во НП „Пелистер“


  БИТОЛА – Околу дваесет до дваесет и пет дрвја од видот ела и молика, биле исечени во срцето на Националниот парк „Пелистер“ кај Голема Ливада покрај детската патека, слика што ги вознемири битолските вљубеници на планината, особено што дел од исечените дрва велат дека не биле обележани, на нив немало никаква ознака. Дрвата биле […]

Пензионерите ќе бараат зголемување на пензиите пред странските амбасади!


Иницијативните одбори на пензионерите, кои протестираат низ градовите во земјава, за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари денеска во Свети Николе се договорија на 7 ноември повторно да излезат на голем протест во Скопје.  Драган Угриновски вели дека сега протестот нема да биде пред Влада, туку пред странските амбасади во земјава. Пензионерите на денешниот […]