Проблемот со загадувањето не се решава во година, две – се преземаат сите мерки


Зимата наближува, а греењето е дополнителен проблем кој придонесува воздухот, особено во поголемите градови да биде загаден. Вчера беше објавено дека Скопје е седми загаден град во светот, но министерката за животна средина Каја Шукова вели дека преземаат мерки за намалување на загадувањето.  – Постојано преземаме мерки (за аерозагадувањето) во рамките на оние надлежности коишто […]

Испарувањата од пожарот во Тетово се органски, а никој во државава не мери такви материи


По големиот пожар во тетовската фабрика за бои и лакови, не се знае какви и колкави се загадувањата во воздухот, затоа што станува збор за органски материи, а во државава нема акредитирана метода за нивно мерење. Се мерат само испарувања од неоргански материи. „Во државата нема акредитирана метода којашто мери органски испарувања“, рече министерката за […]

Се уште гори магацинот со бои и лакови во тетовско Фалише


Се уште е активен пожарот во магацинот со бои и лакови и друг вид хемикалии  кај тетовско Фалише. Иако со значително намален обем се уште има пламен и чад, а пожарникарите продолжуваат со гаснење, информираа изутринава од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, тетовските пожарникари го гаснеле пожарот непрекинато во текот на целата ноќ  […]

Без струја дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без струја во определен временски период ќе останат дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар. Без електрична енергија во периодот од 10.00 до 12.00 часот, ќе останат корисниците од Цветово, Преслап Китка, Варвара, Караџица, Палиград, Долно Количани, Солунска Глава, Дрисла, Алдинци, Дом Китка, […]

Научна конференција „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“


Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на УГД – Штип денеска организира Прва меѓународна научна конференција на тема „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“.   На конференцијата, како што наведува Институтот, се пријавени 36 труда со 45 учесници од Северна Македонија, Русија и Бугарија. 

Доделување награди за новинари кои учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“


Во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје – 2023“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје денеска, во фоајето на Национална опера и балет ќе бидат доделени награди за новинари кои учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“. Доделени ќе бидат и наградите за учениците што учествуваа на јазичната работилница која […]

Прекин на водоснабдувањето во село Драчево


Од 09:30 часот утрово прекинато ќе биде водоснабдувањето на село Драчево. Како што информира РЦУК, вода нема да има поради изведување приклучок од Ф-100 мм на улицата „Домазетовска“ бб до црквата во селото. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.

Променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР информираа дека минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 13 […]

„Сезоната“ на отровен воздух започна, Скопје на осмото место во светот по загаденост


Сите мерни места во Скопје на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) покажуваат високо загадување на воздухот со ПМ10 и ПМ 2,5 честички. Во последните 24 часа сите измерени вредности ја надминуваат границата на 50 микрометри на кубен метар, што за првпат есенва го искачи Скопје на осмото место на најзагадените […]

Разрешени и актуелни судии, адвокати и вработени во државни институции влегуваат во трка за нови антикорупциoнери


Од утре, па до сабота ќе трае административната проверка, односно интервјуата на 42 лица кои се пријавија на огласот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. На списокот пријавени, како што анализираше Мета, се наоѓаат две разрешени судијки и две актуелни судијки, адвокати, вработени во јавни и државни институции, но и голем […]

Заокружен проектот за пречистителната станица во Гевгелија


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, заедно со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман, амбасадорката на Грција Н.Е. Софија Филипиду и градоначаникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денес ја посетија локацијата на пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија и направија увид во реализираните активности од последната фаза на проектот: чистење и […]

За солидарниот данок има повеќе иницијативи, мала е веројатноста Уставниот суд да ги разгледа годинава


За Законот за солидарен данок има повеќе иницијативи пред Уставниот суд и тие се работат, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, посочувајќи дека таа не е оптимист дека ќе се најдат на седница пред уставните судии до крајот на годината.  Прашана до каде е постапката по иницијативте во врска со солидарниот данок и дали […]

Само Македонија во регионот го нема инструментот уставна жалба


  Македонија исто како и останатите пет југословенски држави делеа ист политички систем и по формирањето на независни држави, се соочија со исти предизвици: формирање на самостојни органи и институции со строга поделба на власта. Но, не сите дадовме ист одговор на потребите на граѓаните да ги остварат уставно загарантираните права. Согледувајќи го искуството во […]

ЈП Градски паркинг – Скопје: Има 4 начини на наплата за услугата паркирање на зонско


Апелираме до корисниците на нашите паркинг услуги на зонско, покрај најкористениот начин за наплата- СМС пораки, да ги користат и останатите можности за наплата, со што уредно и навремено ќе го регулираат плаќањето, велат од ЈП Градски паркинг – Скопје. Начини за наплата на услугата паркирање на зонско кои ги нуди ЈП ,,Градски паркинг”- Скопје […]

Може ли Скопје да остане без вода?


  „Водовод и канализација“ од Скопје нема пари за да исплаќа плати на привремено вработените, а агенцијата преку која се ангажирани го потрошила буџетот. Претпријатието може да остане без вработените кои се неопходни за функционирање. Па дури и Скопје да остане без вода. Во писмото кое го добиле вработените од „Водовод и канализација“од страна на […]

Штипскиот универзитет најдигитализиран


Студентите и универзитетските професори од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска дебатираа на тема дигитализација на образованието. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски вели дека македонските Универзитети треба многу да работат на полето на дигитализацијата, со цел студентите да добијат што е можно повеќе дигитални услуги кои овозможуваат побрза и поефикасна услуга. -Истовремено им овозможуваат на студентите без […]

(Видео) Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во Тетовско – затворете ги прозорците!


  Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком” во тетовско Фалише, а за негово гаснење повикани се гостиварски фирми со механизација да помогнат при расчистување на материјалите кои не се зафатени со пожарот. Огнот не може да се гаси со хеликоптер, затоа што има густа магла.    Од Центарот за управување со кризи препорачуваат: населението […]

Учениците од Демир Капија ќе се едуцираат за врсничкото насилство со поддршка од „Макпетрол“


Работилниците што изминатиов период се одржуваат во повеќе општини низ Македонија, а преку кои учениците се здобиваат со знаења поврзани со проблемот со врсничкото насилство, ќе се одржуваат и во Демир Капија. За ефикасна реализација на овие активности, компанијата „Макпетрол“, која што стои зад општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, и општината денес […]

Поставен семафор на една од најцрните сообраќајни точки во Скопје


По повеќе од три децении барање од страна на жителите, Град Скопје постави семафор на крстосницата на булеварот „Ѓорче Петров“ со улиците „Мајски Манифест“ и „Знеполе“. – Токму оваа крстосница важеше како една од најцрните сообраќајни точки во градот Скопје, а поставувањето на нов семафор и покрај барањето на жителите било игнорирано од надлежните со […]