Битолската зимска служба подготвена за зимската сезона


 Општина Битола ја подготви Зимската служба за интервенирање во претстојната зимска сезона, за што се обезбедени над 18 милиони денари за чистење на снегот и голомразицата од коловозните површини. Според утврдената програма, Зимската служба ја предводи КЈП „Нискоградба“ со специјални машини, опрема и човечки ресурси за чистење на улиците во градот, а во зависност од […]

Одобрени дополнителни 100 милиони денари за лекот Трикафта


Одобрени се дополнителни 100 милиони денари за обезбедување на лекот „Kaftrio“ во комбинација со „Kalydeco“ на дополнителни пациенти со цистична фиброза, соопшти денеска Министерството за здравство. Универзитетската клиника за детски болести, како што се наведува, доби согласност од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за јавни набавки да спроведе итна постапка со […]

Од сабота постудено и снег


До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира […]

Почина Минка Веизовска, пациентката што го пријави аптекарот од Онкологија дека ѝ барал мито за биолошка терапија


Утрово почина Минка Веизовска, пациентката од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“. Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг и додаде дека смртта настапила на Клиниката за пулмологија во Скопје, објави „Слободен печат“. Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“ потврдија дека и […]

Македонија ќе добие планинарска трансверзала од цели 2.070 километри


Во организација на повеќе ентузијасти и планинарски здруженија се формира македонска бесконечна трансверзала (со скратено, уметничко име Sammiana) – планинарска патека долга дури 2.070 км и која ги опфаќа најголем дел од планините и природните убавини во Македонија! Се работи за огромен и импозантен проект не само поради импресивната должина туку и поради тоа што […]

Обраќање на Грковска, Лосон и Малеска на работилницата „Институции за граѓаните“ (видео)


Обраќање на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска на работилницата „Институции за граѓаните“, посветена на вредностите на доброто управување со јавната администрација.   

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Охрид, Гевгелија и Попова Шапка


Во изминатите 24 часа најмногу дожд – два литри на квадратен метар наврна во Охрид, Гевгелија, Попова Шапка, а еден литар на квадратен метар во Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, Битола, Виница и Струмица. Како што информира утрово УХМР, најниска температура до 7:30 часот е измерена на Попова Шапка – три степени, четири степени во […]

Без вода дел од Пржино


 Поради уличен дефект ф-80 мм, без вода од 09:20 часот се корисниците од улиците  ул.„Жванска“ и „Наум Охридски“ во населба Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Ангелов повторно отстранува опасни коцки бетон од мостот во Визбегово – надлежните од Бутел и од Скопје, глуви


Бетонски коцки се ронат од мостот кај Визбегово, а постои опасност да паднат врз коловозот под мостот, па некој да настрада, но на оваа опасност укажува само директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој по втор пат го посети мостот. ЦУК повторно упати известување и покана до дел од надлежните институции за […]

Уставниот суд домаќин на Регионална конференција на која ќе се промовира уставната жалба


Уставниот суд денеска е домаќин на Регионална конференција на која ќе се дискутира за промовирање на уставната жалба како најзначајно средство за заштита на основните права во Република Северна Македонија. Конференцијата, како што информираат од Уставен суд, се одржува со поддршка од германската фондација ИРЗ чии претставници ќе ја објават студијата за уставна жалба, којашто […]

Свечена заклетва на 35 нови американски волонтери на Мировниот корпус во Република Северна Македонија


 Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска 35 американски волонтери на Мировен корпус ќе дадат свечена заклетва и ќе ја почнат службата во Северна Македонија. Од Мировен корпус информираат дека новите волонтери ќе се приклучат на групата на повеќе од 800 волонтери, коишто досега служеле во земјата. Ова е дваесет и шестата група на […]

Свечена академија по повод 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука


 Владата на Република Македонија денеска ќе организира Свечена академија по повод 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука. -Свечената академија ќе се одржи денеска со почеток во 14:00 часот, во Филхармонија, информираат од кабинетот на Првиот Потпретседател на Владата, Артан Груби. Исто така, во Собранието на Република Северна Македонија денеска на пладне ќе […]

Облачно со повремен слаб дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 9, а максималните ќе достигнат […]

Шестмина ковид пациенти хоспитализирани на Инфективна, едно лице починало изминатава недела


Шестмина пациенти кои се ковид позитивни, во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а од нив, четворица се на кислородна поддршка. Како што за Мета информира Шабан Мемети, директорот на Институтот за јавно здравје, во последнава недела и во општата болница во Охрид има четворица хоспитализирани, од кои еден пациент […]

Општина Кисела Вода: Избран концепт за хумано домување наместо бетонизација на Расадник


Два од вкупно пет пристигнати труда освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место на Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП Расадник во Општина Кисела Вода. Се работи за проекти на проектантска куќа од Хрватска, AG PLANUM doo и од група архитекти од Грција, предводени од Alexios Tzompanakis, за кои […]

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп – Росоман кај мотел „Дреново“ поради сообраќајка


На регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај мотел „Дреново“, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин, соопштија попладнево од АМСМ. Сообраќајот е во целосен прекин од 15 часот.

Аеродром се украсува за Нова година


На повеќе од еден месец до новогодишната ноќ, Аеродром ги започна подготовките за новогодишното украсување со што општината кон средината на декември ќе добие празничен и новогодишен лик. Во текот на вчерашниот ден преку електронскиот систем за јавни набавки беше објавен оглас за спроведување јавна набавка за изнајмување опрема за новогодишно украсување. Новогодишното украсување на […]

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“, завршни зборови на обвинителство на 14 декември


Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши доказната постапка за случајот „Ласкарци“ што се однесува на автобуската несреќа во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Завршните зборови на Јавниот обвинител се закажани за 14 декември. Завршни зборови потоа ќе треба да даде и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да […]