Инстант лоз „7 х 7“ донесе „Hyndai bayon“ како роденденски подарок на Сања од Пробиштип


Државна лотарија ја привршува 2023 година како што и ја започна −бериќетно, со многу среќни приказни и насмеани добитници, со радост, возбуда и пријатни изненадувања. Сања Симоновска од Пробиштип, среќата ја чекала во Делчево. Таа си доби роденденски, а воедно и новогодишен подарок, една од главните премии на инстант лозот 7х7, автомобил Hyundai Bayon. На 21 декември, на денот […]

Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за 2023


Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година на авторите Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од Студио Синдикат за проектот Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово – Скопје. Големата годишна награда ја доделува Асоцијацијата на архитекти […]

Намалена видливост поради појава на магла- еве каква е состојбата на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Катланово, до 50 метри на патниот правец Катланово – Велес, од 100 до 150 метри на патниот правец Неготино – Д.Капија и од 70 […]

Релативно топло во текот на денот, по котлините магла претпладне


Претпладне по котлините и особено долж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 26  декември  2023 година, 362-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 6 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 8 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, а ќе зајде […]

Во центарот на Скопје отворен празничниот базар


Детски новогодишни претстави, настап на над 40 музички ѕвезди и голем број на разновидни активности нуди празничниот базар кој вечерва беше отворен во центарот на Скопје. Базарот е во организација на „Комора на музичка индустрија“ и Град Скопје, а ќе трае четиринаесет дена.   Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, […]

Извештаите на ФИДИК и ДЗР за автопатот Кичево – Охрид ќе бидат на следната владина седница


Извештаите од ФИДИК експертот и од Државниот завод за ревизија ќе бидат на следната седница на Владата и тие треба да го дадат одговорот што понатаму со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, соопшти директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми вечерва во отчетот за реализираното во оваа година.  Во изјава за медиумите […]

Како да ги продолжите студентските билети за бесплатен превоз во ЈСП за 2024?


Студентите – корисници на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз потребно е да го продолжат истиот, односно да го заверат за 2024 година, доколку сакаат да користат јавен превоз и во текот на наредната година. Билетите треба да ги продолжат студентите од втора и повисоките години, односно оние студенти чии билети имаат […]

Пендаровски ќе им додели Орден за заслуги на Тодоровски, Ангеловски и Мјаку, Медал за заслуги за К-15


Претседателот Стево Пендаровски, утре – 26 декември 2023 година, вторник, на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија. Со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ќе ги одликува Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку. Медал за заслуги за […]

ДиЏовани: Владата и Собранието да го забрзаат носењето на законите за децата


Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да […]

Не отворајте прозорци, надвор носете маска – ИЈЗ со препораки при високо аерозагадување


Аерозагадувањето е високо деновиве, посебно во главниот град, па заради заштита на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички), во моментите кога нивните концентрации се драстично зголемени, Институтот за јавно здравје има низа препораки за населението кои треба да се почитуваат. „Во градовите со „екстремно лош (сиромашен)” индекс на квалитет на воздух, населението треба […]

(ФОТО) Арсовска игра шах со Дедо Мраз – чека резултати од Финансиската полиција за украсувањето


Скопската градоначалничка Данела Арсовска попладнево на својот фејсбук профил објави фотографија на која се гледа како игра шах со Дедо Мраз. Симболиката на фотографијата не е случајна бидејќи во објавата Арсовска пишува: „Во исчекување на резултатите од истрагата за елката…“ Објавата на градоначалничката следува откако за денеска беше најавено дека во Град Скопје ќе влезат […]

Бесплатно вино на тродневниот новогодишен фестивал во паркот „Авионче“


Од денеска, па се до 27-декември, во скопската населба Аеродром во паркот „Авионче“ ќе се одржи новогодишниот фестивал „Новогодишна Бајка“. Овој фестивал освен храна и вино на скопјани ќе им овозможи и добра забава каде ќе настапат бројни македонски музички ѕвезди како: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, […]

Струмица под мерки за намалување на аерозагадувањето


Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и […]

За 2-3 години Македонија може да има свој сателит во вселената


Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска информираше дека за две до три години, Македонија може да има свој сателит во вселената. -Тоа значи многу и за државата, но и за дигитализација на општеството. Да имате орбитална пзиција во вселената е битен фактор за две работи – мора еден ден да размислуваме за […]

Отворена школа за доење во Клиничка болница Тетово


Министерот за здравство Фатмир Меџити, заедно со генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев денеска ја промовираа „Роса школа за доење“ во Клиничка болница Тетово. Тие потпишаа и меморандум за соработка за опремување на уште две нови школи за доење во јавни здравствени установи во државата. Овој месец, освен во болница во Тетово опремена е […]

Изложба на астрофотографија по повод 25 години на Скопското астрономско друштво


Скопското астрономско друштво (САД) организара изложба на астрофотографија по повод 25 години на ова астрономско друштво.  Од САД информираат дека изложбата ќе биде отворена вечер на 25.12.2023 година во 19:00 часот во Кинотека на Македонија. На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопско астрономско друштво направени на различни локации низ Македонија. Целата е […]

Меџити: Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година


Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека во 2024 година ќе има поригорозни мерки за пушењето. Ова го кажа во тетовската болница каде присуствуваше на промоција на соба за доење, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се преземат дополнителни мерки поради интензивирање на загадувањето на воздухот и проблемите на луѓето со респираторни заболувања. -Денес зборувавме […]

Јовески го заврши мандатот со анкета дека граѓаните имаат доверба во судството


Мандатот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески завршува денеска, по што тој ѝ се обрати на јавноста и на јавните обвинители. Јовески во своето поздравно обраќање кажа дека во последниот извештај на Европската комисија, навистина се ниски оценките за борбата против корупцијата во земјава и од тоа не можеме да бидеме задоволни. […]

Блесна новогодишната елка во водите на Охридското Езеро


Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст и оваа година ја накитија новогодишна елка. Тие заеднички потоа елката ја поставија во водите на Охридското Езеро пред Музејот на вода кај Градиште. Оваа година китењето и поставувањето на елката под вода е посветена на децата со […]