(ФОТО) Арсовска игра шах со Дедо Мраз – чека резултати од Финансиската полиција за украсувањето


Скопската градоначалничка Данела Арсовска попладнево на својот фејсбук профил објави фотографија на која се гледа како игра шах со Дедо Мраз.

Симболиката на фотографијата не е случајна бидејќи во објавата Арсовска пишува:
„Во исчекување на резултатите од истрагата за елката…“

Објавата на градоначалничката следува откако за денеска беше најавено дека во Град Скопје ќе влезат инспектори на Финансиската полиција за да ја испитаат набавката за новогодишното украсување на главниот град, кое, освен што предизвика лавина коментари и реакции, го наметна прашањето дали за него воопшто бил распишан тендер.

Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје – ќе проверува како се трошело за новогодишното украсување
Арсовска минатата недела повеќепати кажа дека за новогодишното украсување имало јавен повик, но не го потврди тоа со документ. Не ја откри ни фирмата која е задолжена за украсувањето. Единствено што кажа е дека годинава китењето на главниот град чини 30 илјади евра, а не 300 илјади евра како претходните години.