Агелер: Сите со кои разговарам знаат кои се корумпирани актери во земјава, се надевам институциите ќе преземат мерки


Нема правна обврска за институциите да преземат акција, но се надевам дека меѓу институциите кои веќе знаат дека има корупција во овие случаи, дека навистина ќе преземат нешто, бидејќи луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат оваа корупција да биде следена, истражувана и гонета, вели амбасадорката на САД Анџела Агелер. Зборувајќи за минатонеделното […]

Запален контејнер во ГТЦ ги крена пожарникарите на нозе


Поради невнимание во Градскиот трговски центар во Скопје околу 18 часот се запалиле контејнери, а по интервенција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, за МИА информира, дека повредени нема, а на терен биле испратени четири противпожарни возила, бидејќи пријавата била непрецизна. – Пријавата беше непрецизна […]

Мостот на Црна Река ќе се санира за 60 дена, а можеби ќе се гради и нов


  Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска рече дека очекува железничкиот мост на Црна Река да биде саниран за 60 дена, но не ја исклучи и можноста од изградба на нов, траен мост. Увидот покажал, нагласи Бочварски, дека темелот е во многу лоша состојба.  „Она што го добив како информација по увидот, е […]

Во дворот на ООУ „Александар Македонски“ поставен полнач за електрични тротинети


Во Општина Аеродром промовиран првиот полнач за електрични тротинети кој работи на соларна енергија. Општина Аеродром стана првата општина во Македонија во која беше промовиран првиот полнач за електрични тротинети кој работи на соларна енергија, а ќе биде достапен за користење на сите граѓани. Станува збор за проект кој се реализира во рамките на проектот […]

Техничка документација за 13 проекти за побрз и поквалитетен локален развој


Десет општини и три центри за развој на планските региони ќе добијат сеопфатна и квалитетна техничка документација за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти, кои имаат клучно значење за подобрување на условите за живот на граѓаните. Тие денеска ги потпишаа договорите за финансирање техничка документација на проекти кои опфаќаат реконструкција на патна инфраструктура и училишта, подобрување […]

Мурал инспириран од Вевчанскиот карневал го краси центарот на Вевчани


„Василичарска епопеја“ е насловен муралот насликан на објект во центарот на Вевчани, од академските сликари Ангелина Спировска и Владо Муковски, со поддршка на Министерството за култура. Муралот, како што појасни за МИА, Спировска, е инспириран од вековната традиција на Вевчанскиот карневал, а се протега на површина од 25 метри квадратни. – Идејата за муралот пред […]

Истражување: Насилството присутно во училиштата


Оваа година, заклучно со минатиот петок, кај Народниот правобранител поднесени се 191 претставки за повреда на правата на децата од различни области. И натаму најголем број на претставки се за повреди на правата на детето во рамки на семејството, односно семејно-правните односи, каде акцентот се става и на насилството врз децата во семсјството. Потоа бројни […]

До крајот на месецов мора да има решение за платите на функционерите, најавува Битиќи


 До крајот на месецов мора да има некакво решение за платите на избраните лица затоа што се потребни законски измени кои треба да поминат во Собранието, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Како што посочи, работната група се уште не поднела предлог за намалување на функционерските плати бидејќи министерот за информатичко општество деновиве […]

Ковачевски за водењето на Скопје: Главниот град е напуштен, без управа


  Владата сака да помогне и помага на сите општини без разлика под чија власт се наоѓаат, убеден е премиерот Димитар Ковачевски. „Градот Скопје е напуштен, без управа. Се обидуваме да ја направиме Универзална сала, но досега нема слух. Пред две години ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе имаме најевропски град, дека ќе сме добиеле мајка на […]

Битиќи најави реконструкција на зградата на „Македонска пошта“ со европски фондови


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави денеска дека реконструкцијата на зградата на „Македонска пошта“ ќе биде со европски фондови, и очекува во догледно време да има предлог до Владата. На новинарско прашање по денешното отворање на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во општина Кисела Вода, заедно со министерката […]

Столбот на мостот на Црна река преку кој сообраќа возот ќе се прави околу два месеци


 Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река на линијата Гевгелија-Велес помеѓу железничките станици Кукуричани-Градско во близина на Стоби железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од вторникот попладне од 15:25 часот и патнички и товарен се одвива со префрлање на патниците од воз на автобус. Како што информираат за МИА […]

Малолетник се однесувал насилно кон соучениците во Охрид, прекршочна за родителот поради занемарување


СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Ш.Е.(42) од Охрид поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид. „Пријавениот, како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште“, додаваат од СВР […]

Почна мерењето на квалитетот на воздухот во Струмица


Општина Струмица почна со мерење на квалитетот на воздухот во затворен простор и веќе десетина денови мерењата се вршат во ООУ „Никола Вапцаров“ и Клон 6 на градинката „Детска радост“ во Струмица. Според Томислав Андреев, раковител на Одделението за заштита на животната средина, ваквото мерење се спроведува прв пат во Општината и државата. -За да […]

Утре во Битола од 08 до 18 часот посебен режим на сообраќај


По повод одбележувањето на 115 годишнината на Денот на албанската азбука, утре во Битола, во рамки на предвидените манифестации, како и  поради присуство на владини  делегации од државата и странство, на подрачјето на Ресен и Битола ќе биде применет посебен режим во сообраќајот. Од СВР Битола информираат дека во посочениот термин ќе се врши запирање […]

Најстудено во Берово со минус 5 степени, Дојран најтопол со шест


Утрово во Берово се измерени -5 степени целзиусови, во Скопје- Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица – 2, -1 степен е измерен во Куманово, Прилеп, Охрид, Штип и Велес, нула во Скопје – Зајчев Рид, Претор, Крива Паланка и Кавадарци, три на Попова Шапка, еден степен во Маврови Анови, Крушево и Виница, 2 во […]

Црвен крст одбележува Недела на стари лица


Црвен крст на Град Скопје го започнува одбележувањето на Неделата на грижа на стари лица, која ќе трае од денеска до 26 ноември. Целта на програмата е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. -Во рамките на Неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и […]

УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето


По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември,  Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Собранието на Република Северна Македонија ќе организираат настан насловен „Децата го преземаат Собранието“. На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и претставничката на УНИЦЕФ во земјава  Патриција Ди Џовани, а потоа е предвидено децата да ја преземат […]

Наутро студено, преку ден сончево и потопло, дожд од вторник


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во вторник и во среда се очекува дожд првично во западниот дел од државата, а потоа и во останатите делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до […]

Крстот на Попова Шапка е на црковно земјиште, не му треба градежна дозвола


На црковно место најприродно е да биде поставен крст. Крстот на Попова Шапка е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат – изјави за „Слободен […]