Изложба на астрофотографија по повод 25 години на Скопското астрономско друштво


Фото: Б. Грданоски

Скопското астрономско друштво (САД) организара изложба на астрофотографија по повод 25 години на ова астрономско друштво. 
Од САД информираат дека изложбата ќе биде отворена вечер на 25.12.2023 година во 19:00 часот во Кинотека на Македонија.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопско астрономско друштво направени на различни локации низ Македонија. Целата е да се пренесат убавините и инспиративните глетки кои можат да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.

Преку астрофотографиите ќе бидат претставени најразлични небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот систем, вештачки сателити, како и пејсажни фотографии со астрономски мотиви.
Влезот е бесплатен.