Светски ден за борба против Сида: 506 лица живеат со ХИВ/СИДА во Македонија


Во светот и кај нас денеска се одбележува 1 Декември – Светскиот ден на СИДА. Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) согласно постоечката евиденција на пријавени случаи заклучно со 31 октовмри 2023, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 631, а од нив, согласно податоците […]

Променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност


Наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 1 декмеври  2023 година, 335-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 30 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 42 минута, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 21 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее […]

Сопка по сопка за брзиот автобуски превоз во Скопје


  Брзиот автобуски превоз во Скопје се најде пред уште една сопка – Советот на Град Скопје, кој на последната седница не даде дозвола за негова имплементација. Против овој предлог, што две години по стапувањето на функцијата на градоначалничката Данела Арсовска стоеше на страна, гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а од Зелен хуман град […]

Во петок традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол!


Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Под слоганот Winter Wonders, вашиот креативен мол, Ви подготви програма која е чудесна за сите генерации. Овој петок во 18:30 часот единствена и уникатна можност ќе имаат посетителите на Скопје Сити Мол да видат како изгледаосветлување на светилките од џиновската Новогодишна елка на омилениот трговски центар. Шоуто ќе […]

За 60 дена ќе се затвори комуналната депонија Лески кај Виница


Комуналното претпријатие „Солидарност“ и Локалната самоуправа на Виница ги почнуваат активностите на терен за затворање на општинската депонија кај селото Лески, што се дел од проектот за регионално собирање и третман на комуналниот отпад во општините од Источниот и Североисточниот регион. Локација кај месноста Превалец, во близина на магистралниот пат Кочани – Делчево, ќе се […]

Тетово три дена затрупано во ѓубре – комуналците штрајкуваат


Трет ден штрајкуваат работниците од „Комунална хигиена“ при Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово поради неисплатени плати и затоа не се собира сметот од контејнерите. Околу контејнерите веќе се создаваат големи купишта отпад. -Три дена по ред доаѓаме во кругот на „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово кај населбата Теќе и не одиме на терен, седиме тука […]

Утре и во сабота зголемување на дневната температура


Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе услови значително зголемување на дневната температура и забрзано топење на снежната покривка, информираат денеска од УХМР. Минималната температура утре ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 13 до 17 степни Целзиусови. Во сабота минималната температура ќе […]

Самобор и годинава му оддаде голема почест на Кочо Рацин


  Градот Самобор, во непосредна близина на Загреб, е незаменливо место за заедницата на Македонците во Хрватска. Самобор ја поврзува Хрватска и Македонија со големиот македонски поет и основоположник на современата македонска литература, Кочо Рацин, кој нелегално ја отпечати својата стихозбирка „Бели мугри“ таму пред 84 години. Затоа македонската заедница секоја година се собира на […]

Вакцинирани повеќе од 950 деца што ги пропуштиле рутинските вакцини


Вакцинирани над 950 деца во рамки на кампањата на Министерството за здравство и СЗО, со поддршка од ЕУ, информираат од МЗ. Над 950 деца досега се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација со пропуштени рутински вакцини и се поделени над 1.400 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството […]

Тренчевска: Се фокусираме на превенција и борба против родови стереотипи и сексизам


Деветта Меѓународна конференција за жените и девојчињата Ромки и жените и девојчињата патувачи, се реализира денеска во Скопје, во организација на Советот на Европа и Владата на Република Северна Македонија. Се дискутира за предизвиците, проблемите но и за решенијата. Да се види каков напредок е постигнат во интеграцијата на жените и девојчиња Ромки и Патувачи, […]

Унгарскиот министер Сијарто најде време да се сретне со Мицкоски


  Кога неодамна беше во Скопје немаше време, но сега најде – унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто утринава пред почетокот на министерскиот самит на ОБСЕ се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова е единствената досега средба на некој од европските министри кои учествуваат на овој глобален собир со партиски претставници. Сосем […]

Започна министерскиот состанок на ОБСЕ, Ковачевски порача дека „историјата ќе ни суди“


  Историјата ќе ни суди по нашите дела  – порача премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на  министерскиот состанок на ОБСЕ кој собра делегации од над 60 земји, меѓу кои и Русија. И тој и шефот на дипломатијата Бујар Османи нагласија дека нашето претседателствување се случи во време на војна без преседан во Европа, нарекувајќи ја […]

Интерпол слави 100 години: Ловците на криминалци ја окупираа Виена


Повеќе од илјада полицајци и лидери за спроведување на законот од целиот свет присуствуваат на овонеделното Генерално собрание на Интерпол во Виена, каде што организацијата е основана пред сто години. „Пораснавме од 20 земји-членки пред сто години на 196 денес“, изјави за AFP Јирген Сток, генерален секретар на агенцијата со седиште во Лион. Со своите […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено изутрина е во Попова Шапка, каде во седум часот измерени се – 4 степени Целзиусови, по што следуваат Крива Паланка и Лазарополе со – 3, Битола, Прилеп, Струмица, Берово и Маврови Анови со – 1, како и Тетово, Куманово и Штип со 0 степени. Во Дебар и Крушево 1 степан, Охрид, Претор, Виница, Гевгелија […]

Девета меѓународна конференција за жени Ромки и патници – „Градиме заедно еднаквост“


Во следните два дена Скопје ќе биде домаќин на деветата меѓународна конференција за жени Ромки и патници – „Градиме заедно еднаквост“, во организација на Министерство за труд и социјална политика и Советот на Европа. На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, генералната директорка за демократија […]

Променливо облачно со појава на магла


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Како што соопштија од УХМР, преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура […]

Ковачевски: Утре ќе биде испратена покана за лидерска средба


  Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието. Средбата, како што рече, ќе биде закажана за понеделник, и на неа ќе разговараат за одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот […]

Интерпол ја бара исчезнатата Вања


На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнатата Вања Ѓорчевска од страна на Интерпол. Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски […]

МВР: Лажна е веста дека исчезнатото девојче е пронајдено во друга држава


Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на портали дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава. “Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при […]