Обезбедени се пари за исплата на K-15 на вработените во училиштата


Регресот за годишен одмор за 2023 година треба да им биде исплатен на сите вработени во училиштата. Средствата за оваа намена се обезбедени од страна на државата, преку блок дотациите кои на месечна основа им се исплаќаат на општините. Министерството за образование и наука (МОН) преку соопштение апелира до сите локални самоуправи да се почитуваат […]

Пендиков ја даде првата изјавa во Основниот суд во Охрид


 Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар на сега згаснатиот бугарски културен клуб во Охрид, денеска во Основниот суд во Охрид продолжи судењето против обвинетите Илија Спасески од Охрид и Борче Ангелов од Битола, кои физички го нападнале на 19 јануари. Во првиот исказ пред судот, Пендиков кажа дека обвинетите му нанале тешки телесни повреди […]

Донесена Уредба со која се овозможува службените дописи да се потпишуваат со електронски потпис


На предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Владата усвои измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење, со што ќе се овозможи институциите да работат целосно дигитално со употреба на електронски потписи, соопшти владината прес-служба. – Ова е итно решение со кое ќе се премости периодот […]

Мухамед Зеќири осуден на две и пол години затвор


  На поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири, денеска му беа пресудени две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Процесот против него се водеше за склучување на договор со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Пошта“ и Железници транспорт. Според обвинението тој направил штета од над […]

Без вода неколку улици во Козле


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 13:00 часот, поради уличен дефект на улица „Козле“ бриј 171, прекинато водоснабдување имаат корисниците од следниве улици: дел од улица „Козле“, дел од улица „Јуриј Гагарин“ и улиците „Струшка“ „Кораб“ и „Мокра“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до завршување санација на дефектот. 

„Дрим зона“ од соништата за најпалавите, од денеска е отворена во „Дајмонд мол“


Ако сакате адреналин, игри, палавштини, но сето тоа во затворено, на топло и под надзор на будното око на операторите, треба да ја посетите „Дрим зоната“ во „Дајмонд мол“ наменета за најмладите која денеска и официјално беше отворена. На огромен простор распослана е детската „Дрим зона“ која нуди забава и активности за деца од 2 […]

Пресуда за поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири (видео)


 Пресуда за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги […]

Спасовски за исчезнатата Вања: Проверени подруми, 50 камери, речното корито на Вардар, цркви


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска кажа дека МВР прави сѐ и преземени се низа мерки за наоѓање на 14-годишната Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот. Спасовски не кажа никакви информации во врска со исчезнатото девојче, рече дека во моментов не може да споделува такви податоци, туку што презела полицијата досега.   „Никакви детални […]

Пет инфраструктурни проекти во пет македонски општини ќе се реализираат со словенечка помош


  Со словенечка помош во вредност од 2,1 милиони евра ќе се реализираат пет инфраструктурни проекти во пет македонски општини. Тоа го овозможува Меморандумот за меѓународна развојна соработка за периодот 2023-2024 година што денеска го потпишаа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон […]

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во која тој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќво завршните зборови рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои […]

(Видео) Прес-конференција на Маричиќ со Тања Фајон


Прес-конференција на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ  и вицепремиерот и министер за надворешни и европски работи на Република Словенија Тања Фајон по повод потпишувањето на меморандум за меѓународна развојна соработка за период 2023-2024 година.  

Град Скопје ја почнува втората фаза од студијата за магистрални водоводни цевководи


 Град Скопје продолжува со втората фаза за реализација на стратешкиот проект од програмата „За модерно Скопје“ за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи, соопшти денеска Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на стратешката Студија за дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со […]

На Армискиот полигон „Криволак“ вежбовни активности „Храбар партнер 23“


Припадници на Вооружените сили (ВС) на САД за Европа и Африка, од денеска до 10 декември ќе изведуваат вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на вежбата „Храбар партнер 23“. Припадниците од вториот коњанички полк на ВС на САД, на полигоните и стрелиштата на „Криволак“ ќе реализираат вежбовни активности со гаѓања од лесни оклопни […]

Пендаровски на Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во ОАЕ


Претседателот на државата Стево Пендаровски, кој учествува на дводневната Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, денеска ќе се обрати на Сегментот на високо ниво за шефовите на држави или влади.  Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, предвидено е тој да оствари повеќе билатерални средби […]

Најстудено во Струмица и Берово, најтопло во Охрид и Демир Капија


 Утрово до 07.30 часот најстудено со измерен 1 степен е во Струмица и во Берово, а најтопло со 11 степени Целзиусови е во Охрид и во Демир Капија. Според УХМР, 2 степени се измерени во Скопје – Петровец, Тетово и Крива Паланка, три во Скопје-Зајчев Рид и Попова Шапка, 4 Куманово, Велес, Гевгелија, 5 степени […]

Обединетото Кралство ќе даде поддршка за изградба на нов Клинички центар


Министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство остварил средба со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар. На средбата, министерот Меџити ја […]

Обраќање на австрискиот амбасадор Мартин Памер, по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје


Амбасадорот на Австрија Мартин Памер, заедно со директорот на Културно информативниот центар (КИЦ) Антонио Димитров и претставник на Град Скопје, денеска напладне пред КИЦ ќе имаат кусо обраќање по повод поставувањето на првото „Enzi“ во Скопје. Од Австриската амбасада велат настанот е дел од 30-годишнината од Виенската светска конференција за човекови права (Виена+30), во чии […]

Македонија и Словенија ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка


Северна Македонија и Словенија денеска ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка за периодот 2023-2024 година.  Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од македонска страна и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон. По потпишувањето на меморандумот најавена е прес-конференција во Владата на Северна Македонија. 

„Отворен ден на УКИМ“ на сите факултети на Скопскиот универзитет


„Отворен ден на УКИМ“ организира денеска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на секој од факултетите во негов состав,  во два термина – од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот. -Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ широко ги отвора вратите за своите идни студенти – средношколците, давајќи им можност непосредно да […]

Комисијата за избори и именувања ќе предложи кандидати за новиот состав на Антикорупциска


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да избере седум кандидати за идни членови на Државната комисија за спречување на коруцпијата, кои потоа ќе му ги предложи на Собранието. Се очекува оваа точка да се најде на дневен ред на првата наредна пленарна седница. За да се изгласаат новите членови […]