Меџити: Изградбата на Поликлиника Сарај е во завршна фаза, следните денови ја пуштаме во употреба


Фото: Б: Грданоски
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека изградбата на Поликлиниката Сарај при Здравствен Дом – Скопје е во завршна фаза и во следните денови треба да биде пуштена во употреба.
 
– Ново, убаво, чисто и средено! Изградбата на Поликлиниката Сарај е во завршна фаза и за неколку денови ја пуштаме во употреба! Горд сум што изминатиов период направиме сериозно зајакнување на јавното здравство преку инвестирање во инфраструктурата, набавка на нова медицинска опрема, нови лекови и вложување во човечкиот капитал како една од најважните карика во здравствениот систем, истакнува Меџити.