Сообраќајниците околу Соборниот храм затворени од 10.30 часот поради празнување на Бадник


Фото: Б. Грданоски

 Сообраќајниците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска од 10.30 часот ќе бидат затворени поради  настан со кој ќе се одбележи празникот Бадник.

МВР соопшти дека посебниот сообраќаен режим во тој дел од градот ќе важи до завршување на настанот пред храмот.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници, информира Министерството за внатрешни работи. 

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.