Без вода повеќе улици во Лисиче


Улички низ Лисиче (Фото: Б. Богдановска)

Без вода денеска од 14:15 часот ќе бидат повеќе улици во Лисиче поради уличен дефект на улица „Јован Кукузел“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што информираат оттаму, прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица „Јован Кукузел“ 9А, а без вода ќе бидат корисниците од улица „Јован Кукузел“, „Димитар Туриманџовски“, „Митре Влаот“, „Ѓорѓи Андревич – Кун“, „Ернест Телман“, „Благоја Мучето“, „Архитект Сотир Томовски“, „Ѓуро Малешевец“, „Зборска“, „Дете Татуличе“ и „Димтар Благоев“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:15 часот до завршување на дефектот.