Штипски „Исар“ со препораки да се заштитат чешмите и цевките од ниските температури


Штипското комунално претпријатие „Исар“ немаат добиено ниту една пријава за замрзнати чешми или цевки. Бранко Ѓоргијев вработен во ЈП „Исар“-Штип вели дека ниските температури не ги оставија граѓаните без вода, но сепак ги советуваат навремено да се заштитат приклучоците и цевките. Посочува дека е потребна соодветна изолација, со цел да не дојде до мрзнење на […]

Истражување: Партиите шират штетни наративи во државата. медиумите им помагаат


Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави првото истражување за политички штетните наративи во Македонија во кое се  анализира обемот на нивната распространетост во јавната политичка комуникација на политичките партии и политичарите со јавноста во државата, како и медиумското известување за нив. Притоа, се оценува дека политичките актери во Македонија и медиумите се соучесници во […]

Градски превоз ќе има! Со аплауз дочекана одлуката на Советот


Со 25 гласови „за“, Советот на повторената вонредна седница денеска донесе одлука да се исплатат субвенции на ЈСП „Скопје“. Гостите, кои присуствуваа на седницата, со аплауз ја дочекаа одлуката. Скопјани може да здивнат. Утре ќе има автобуси и секој ќе може да стигне на работа, на училиште, на лекар.  Пред да се гласа за доделување […]

(Во живо) ВМРО-ДПМНЕ со амандман сака да ги десеткува субвенциите за ЈСП


ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој ги намалува парите кои треба да се доделат на ЈСП. Од повеќе од 450 милиони денари, на 128 милиони, за да имало поголема контрола.  Градоначалничката Данела Арсовска, не го прифаќа овој амандман.  

Вонредна по вонредна седница, во 15.30 наново гласање за субвенциите за ЈСП


Драмата во Град Скопје околку изгласувањето на субвенциите предвидени за ЈСП продолжува. Веднаш по завршуањето на вонредната седница, на која за еден советнички глас не беше изгласана помошта, односно субвенциите за ЈСП „Скопје“, дел од советниците поднесоа барање за уште една вонредна седница.  Вработените кои дојдоа се со цел да направат притисок врз советниците да […]

Во Тетово, 29 скршеници од мразот


Во Тетово викендов наврна највисоката снежна покривка зимава, што заедно со мразот и таму каде што останаа неисчистени тротоари и улици резултираше со триесетина повредени граѓани, кои движејќи се пеш се лизнале и паднале. Во саботата речиси целиот ден врнеше снег, па се создаде покривка од десетина сантиметри. Во ноќните часови и температурите паднаа под […]

Педесет ученици заминале во странство, второто полугодие нема да го продолжат во Штип


Педесет ученици од основните и средните училишта во Штип од денеска нема да го почнат второто полугодие во учебната 2023-2024 година поради тоа што со нивните родители заминале во странство. Раководителот на Секторот на образование во Општина Штип Снежана Санева вели дека оваа бројка не е мала. Според податоците на училиштата, во второто полугодие во […]

МИОА ќе соработува со седум универзитети во областите јавна администрација, ИКТ и медиуми


Министерството за информатичко општетство и администрација ќе соработува со седум универзитети во земјава во областите јавна администрација, информатичко-комуникациски технологии и медиуми. За таа цел министерот Азир Алиу денеска потпиша меморандум за соработка со ректорите односно претставниците на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот на Југоисточна Европа, ⁠Државен универзитет […]

Нема субвенции за ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше, скопјани без јавен превоз


  Советот на Град Скопје не ги изгласа субвенциите за ЈСП „Скопје“, што значи скопјани и утре ќе останат без јавен превоз. „За“ гласаа 22 од советниците, а „воздржани“ беа 11, додека никој не гласаше против. Во дискусијата што претходеше можеше да се слушнат истите досегашни ставови на претставниците на различните политички опции. Советниците на […]

Тренчевска – Ѕуо: Инклузивноста во детската заштита е на прво место


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов во нивната посета на Детската градинка „Виножито“ Струмица информираа за донацијата на кинеската амбасада на сензорни соби за деца со попреченост во градинки во Струмица, Гевгелија и Велес. Воедно […]

Мразот ги искрши битолчани, 42 граѓани само утрово се повредиле одејќи за на работа


БИТОЛА – Студот ја окова Битола, а утрово се измерени минус 18 степени, најстудено од почетокот на зимата. Мразот по дворовите и тротоарите на улиците е причина за зголемен број на прегледи и повреди на одделот за Ортопедија во Клиничката болница Битола. Од утрово до 10 часот лекарска грижа кај битолските ортопеди побарале 42 битолчани, […]

Пировска: Затворите се полни оти правосудните органи не размислуваат за алтернативни мерки


Препораките за борбата против тортура и нехуман третман во Казнено-поправните установи и Психијатриските болници од година в година се исти, а главен проблем остануваат финансиските средства. Ова се дел од заклучоците на завршниот настан за проектот „Борба против тортура и нехуман третман“ што го спроведуваат Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади […]

Ако Советот денес не донесе одлука, автобусите ќе останат во гаражите


Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје порача дека во ЈСП и раководството на ЈСП од 4:40 до 9 часот градскиот превоз функционирал нормално, но како ќе функционира потоа и како ќе се однесуваат вработените во ЈСП зависи од денешната седница на градското собрание. „Затоа се собравме денеска во голем број да […]

Јавен повик за учество во меѓународниот натпревар „Европски квиз на парите“


Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност објавуваат јавен повик до основните и средните училишта во државава за учество во меѓународниот натпревар „Европски квиз на парите“. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од тринаесет до петнаесет години.   Како што информира Македонската банкарска асоцијација, […]

Нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија


 Отворен е нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Со него, како што беше кажано на денешното отворање, пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани.  Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека дијагностичкиот центар е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства […]

Изјава на претседателот на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје (во живо)


Изјава на Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје,  кои од 9 часот изутринава стапија во штрајк поради неисплатена плата за декември. Членовите на Синдикатот ред просториите на град Скопје ќе го чекаат исходот од вонредната сендица на Советот на град Скопје, за исплата на субвенциите на ЈСП за декември, од што […]

Возачите на ЈСП на протест пред Град Скопје – денеска не возат


Автобусите на ЈСП денеска останаа во гаражите по најавата на синдикатот дека ќе има блокада ако на вработените до денес не им биде исплатена декемвриската плата. Вработените потоа ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму, а на која на дневен ред се субвенциите за ова јавно претпријатие. […]

Вчера се трагаше по лице кое се лизнало и паднало на Водно


Регионалниот ЦУК Скопје, извести дека од Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава, вчера попладне, при што родителот побарал помош за синот, кој одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал. Телефонот му бил бил исклучен, а повикувачот не знаел, точно во кој дел може да […]

Берово се смрзнуваше на минус 19 степени


Во Берово утрово е најстудено, -19, а најтопло – 2 степени во Дојран. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -18 степени се измерени во Битола, -13 во Тетово, -12 во Прилеп, Демир Капија и Дебар, -11 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, -9 во Крива Паланка, Штип и Кавадарци, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, […]