Забрана за товарни возила кон Стража и Маврово, кон Деве Баир и Ѓавато поради врнежи од снег


 Забрана за движење на товарни моторни возила е воведена на патните правци на патниот правец Гостивар-Стража-Маврово, превој Ѓавато меѓу Битола и Ресен, и на тешки товарни возила на патот помеѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ. -Од 16:05 часот на патниот правец Гостивар- Стража – Маврово, поради […]

Симовски: Демографската иднина не зависи од желбата да се има деца, туку од останати фактори


Проекциите за населението до 2070 година треба да служат како патоказ за она што е можно да не очекува и креаторите на политиките во државата да ги имаат во предвид при носењето на стратегиите за остварување на посакуваните демографски состојби во државата, изјави претседателот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски по објавувањето на […]

„Лајка“ со апел: Стоп за петардите, дадете храна на бездомните животни


Здружението за заштита на животни „Лајка“ апелира до граѓаните да се воздржат од употреба на петарди и пиротехнички средства во предновогодишниот период и за Нова година, бидејќи тоа предизвикува голем стрес и страв кај животните, а неретко и смрт од срцев удар. Наместо петарди, „Лајка“ ги повикува граѓаните да им подадат храна на бездомните мачиња […]

Ешерихија коли во водата во некои кумановски села – не е безбедна за пиење


Небезбедна за пиење е водата во дваесет проценти од селата во поширокиот кумановски регион, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Укажуваат дека жителите на руралните средини треба често да ја испитуваат водата во центарот. – Во околу дваесет проценти од селата од кумановско водата е небезбедна за пиење. Имаме појава на ешерихија коли, […]

Штип ќе има полузатворен Градски пазар


Од следната недела почнува изградбата на полузатворениот Градски пазар во Штип, информираше денеска раководителот на работна единица Градски пазар при ЈП „Исар“-Штип, Димче Колев. Тој во денешната изјави рече дека од следниот петок сите тезги на Градскиот пазар во Штип ќе бидат сместени во долниот, покриен дел на пазарот. Ваквата одлука доаѓа во насока на […]

Максим Димитриевски: Во Македонија има апархејд, власта ги има сите права а граѓаните не


  „Живееме во екстремно централизирана држава каде што локалните власти немаат големи можности за да манифестираат и реализираат сериозни проекти бидејќи парите генерално се централизирани во државата, а централната власт максимално од ден во ден ги злоупотребува со голем број на афери коишто се секојдневие. Сметам дека треба да се влезе во процес за да […]

Марш на црвените чадори со кои сексуалните работнички ја одбележаа добиената правда


Сексуалните работнички предводени од првиот колектив на сексуални работници на Балканот, „СТАР“ и здружението за опции на здрав живот, „ХОПС“, денеска со Марш на црвените чадори традиционално го одбележаа Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работнички, 17 Декември. Како што истакна извршната директорка на здружението „ХОПС“ – Опции за здрав живот Скопје, Хајди […]

Искра Чоловиќ, новинар и публицист, почина на 64 години


  Во Скопје во средата на 64 години ненадејно почина Искра Чоловиќ, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист. Во Радио Скопје се вработи во 1986 година како спикер и набргу израсна во еден од столбовите на македонското радиоспикерство. Во својата 22-годишна спикерска кариера, покрај презентацијата на вести и информации во […]

Средношколците наградувани за идеи за примена на наноматеријали


Наставници од средни училишта во Македонија учествуваа на еднодневна работилница на Технолошко-Металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на која добија детални информации за организирање на претстојниот традиционален натпревар за материјали и нано-материјали. Во овој натпревар, кој се организира од 2013 година, учествуваат ученици од 3 и 4 година од сите средни […]

Меџити: Лекот „трикафта” не е поскапен


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ги негираше информациите дека лекот „трикафта“ е поскапен, и посочи дека интензивно се работи на позитивната листа на лекови. Меџити исто така побара од Обвинителството побрза разрешница на случајот со Клиниката за онкологија.  – Следната недела „Трикафта“ пристигнува, ќе биде доделена на пациентите. Дванаесет пациенти веќе примаат терапија, а […]

Саем на македонска традиционална храна „Домашно, природно, вкусно“


Саем на македонска традиционална храна насловен „Домашно, природно, вкусно“, ќе биде одржан утре во Скопје City Mall. Како што соопштуваат од Националната федерација на фармери, сите посетители на саемот ќе имаат можност да го искусат најдоброто од домашно произведените продукти, подготвени и изложени од рурални жени, млади земјоделци и лица со попречености. Оваа иницијатива е […]

До недела дожд, снег и ветер


 Под влијание на влажен и студен бран денеска и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, ссопшти УХМР. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално ќе наврнат над 30 л/м2. На планините ќе се формира нова снежна покривка од […]

До 2070 година во Македонија ќе останат само 1,3 милиони луѓе


  Сите седум проекции за населението во Македонија до 2070 година на Државниот завод за статистика (ДЗС) упатуваат на намалување на вкупното население во земјава. Доколу ништо не се промени и останат параметрите од 2022 година вкупното население до 2070 ќе се намали од 1,8 милиони во 2021 на 1,3 милиони жители. Проекциите се под […]

Петровска потпиша договор за набавка на делови за воздухоплови од Чешка


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва денеска во Министерството потпишаа Рамковна спогодба со која прв пат во македонската историја системски се решаваат предизвиците со навремена набавка на резервни делови, поправка на делови и снабдување со потрошен материјал за потребите на транспортните хеликоптери Ми-8/17, хеликоптерите Бел 206 и авионите Злин 242Л. Од […]

Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“


Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“ на веб страната на општината преку која граѓаните ќе можат да направат преглед на приходите и расходите во Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 година и партиципативно да учествуваат во креирање на буџетот за наредната година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира  дека покрај Буџетските […]

Поликлиниката „Железара“ доби дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ехо апарат со две сонди


Поликлиниката „Железара“ доби нова медицинска опрема. Со средства од Буџетот на Министерството за здравство набавени се дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ехо апарат со две сонди. – Денеска ја промовираме новата медицинска опрема-дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ехо апарат со две сонди, набавен од буџетот на Министерството за здравство во вредност од околу […]

Асистивна тастатура, аларм за лекови, протеза за прст – осум иновативни студентски проекти


На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) беа презентирани осум иновативни студентски проекти во рамки на програмата Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE). На презентацијата на студентските иновативни решенија, во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, беа присутни и професор д-р Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ и Стево Пендаровски, Претседател на […]

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор


 Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска се појави во Апелациониот суд во Скопје на седницата закажана во врска со предметот за кој Основниот кривичен суд го осуди на девет години затвор. Јовановски во моментот се брани од слобода, откако Основниот кривичен суд Скопје неодамна донесе одлука за прекин на издржувањето […]

(Во живо) Изјави на Ковачевски


Проследете ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски по промоцијата на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“.